Scania е првата компанија во Европа која користи автономни возила за испорака на стока

- Advertisement -

Шведскиот производител на камиони Scania не е единствениот производител на автомобили кој развива автономни возила, но неодамна стана првиот во Европа кој ги користи за испорака на комерцијална стока. Како што велат од компанијата, од точка А до точка Б ја преземаат и ја возат стоката целосно автономно. Во пилот-проектот автономен камион маневрира по делница од околу 300 км меѓу Содертајл и Јонкопинг на југот на Шведска и доставува брза храна.

Однадвор возилото изгледа речиси како кој било друг камион, но на кровот има вградени камери и два сензори. Во кабината воланот и седиштето се наоѓаат на вообичаено место, но контролната табла е полна со уреди и екрани, а многу жици водат до држач за компјутер сместен зад совозачкото седиште.

- Advertisement -

Пред совозачкото место има преносен компјутер кој прима видеа од камерите поставени на камионот. Другиот екран прикажува “Д визуелизација од камионите по патот и сите возила во близина. Камионот ги комбинира сите податоци од различни сензори со GPS систем, при што различни технологии функционираат како резервни копии една на друга.

Ако ознаките на патот ги нема, се користи GPS и камионот останува во својата лента. Од компанијата додаваат дека сам камионот вози и пдообро отколку ако со него се управува рачно.

- Advertisement -

(Dnevnik.hr)

(фото: snl.no)

Сподели!
- Advertisement -