Фондацијата на Џеф Безос ќе донира 30 милијарди долари за заштита на климатските промени

- Advertisement -

Bezos Earth Fund, фондацијата на основачот на Amazon, Џеф Безос, вети дека ќе донира по милијарда долари до 2030 година за заштита на околината и биодиверзитетот, се вели во соопштението на францускиот претседател Емануел Макрон.

Канцеларијата на Макрон го соопшти тоа откако францускиот претседател учествуваше на првиот од низата разговори на климатската конференција COP27 во Египет. Елисејската палата додаде дека Руанда и Габон на конференцијата изразиле интерес за преземање чекори за заштита на шумите и природните складишта на јаглерод диоксид.

- Advertisement -

Филантропската организација на Безос досега има наменето 30% од своите 10 милијарди долари за зачувување на природата и трансформација на прехранбените системи.Фондацијата на милијардерот, чија компанија често е критикувана поради нееколошките практики и лошите работни услови, на годинашната конференција на Обединетите нации сака коалиција со африканските и европските држави за да се зајакнат напорите за обнова на тлото на Земјата.

(Dnevnik.hr)

- Advertisement -

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -