Кинеска провинција им дава специјални поени на жителите кои возат велосипед и садат дрвја

- Advertisement -

Североисточната кинеска провинција Лиаонинг пронајде нов начин за да ги мотивира своите жители да користат јавен превоз, да го селектираат отпадот и да садат дрвја – им доделува поени за освојување награди. Лиаонинг неодамна стартуваше платформа за поттикнување на однесување кое може да ја намали емисијата на јаглерод диоксид и карбонска неутралност, објави агенцијата Sinhua.

Така, на пример, два поени може да се добијат за едноминутно возење велосипед, а секој ден може да се заработат најмногу 160 поени. Собраните поени може да се заменат за производи, услуги или купони за попуст кои се нудат на платформата, велат од кинеската берза за размена на емисија Лиоанинг, која управува со платформата. Додаваат дека во понудата за освоените поени ќе се најдат повеќе производи за секојдневна употреба како што се пешкирите и приборот за јадење.

- Advertisement -

Платформата може да им помогне на локалните власти да ја мотивираат јавноста да учествува во кампањи за намалување на емисијата. Кина најави дека ќе го достигне врвот на емисијата на јаглерод диоксид пред 2030 година и да постигне карбонска неутралност пред 2060 година. Минатата година емисијата на јаглерод диоксид по единица БДП падна за 34,4% во однос на 2012 година.

(Beta)

- Advertisement -

(фото: news.cgtn.com)

Сподели!
- Advertisement -