Disney создаде вештачка интелигенција која може да ги направи актерите помлади или постари

- Advertisement -

Истражувачите на Disney создадоа алатка за вештачка интелигенција која им олеснува на актерите да изгледаат како да се на различна возраст кога се пред камерите. Иако дигиталните артисти се уште мора да прават модификации за ефектите на сцена да изгледаат што е можно пореалистично, овој нов систем во вештачка интелигенција го прави најголемиот дел од подмладувањето или стареењето.

Во филмовите и во рекламите е доста скапо да се креира фотореалистично дигитално стареење или подмладување и секоја сцена мора да се помине посебно и детално, рамка по рамка за рачно да се смени изгледот на актерот. Во минатото имало обиди да се автоматизира тој процес со користење вештачка интелигенција, односно машинско учење и неурална мрежа. Но, како што велат истражувачите на Disney, другите системи кои моментално се достапни не го задржуваат оригиналниот изглед на лицето, даваат лоша резолуција и нестабилни резултати во рамките. Додаваат и дека нивниот метод е првиот практичен, целосно автоматизиран и готов за производство метод за стареење и подмладување на лицата на актерите.

- Advertisement -

Иновативната вештачка интелигенција на Disney може брзо да ги направи актерите стари или млади со користење FRAN. FRAN е неурална мрежа која инкорпорира неурални модели на лице кои се добиени со претходно обучување со илгадници слики од различни лица без да се наведува возраста. Неуралните модели на лице се креираат со користење на длабински неурални мрежи и се користат за дигитална работа и за анимации на лице.

Истражувачите велат дека би било невозможно да се обучи FRAN со користење вистински луѓе затоа што ќе мора да се користат безброј слики од истите изрази на лице, на иста позадина на две различни возрасти. Наместо тоа, FRAN е обучувана со рандом генерирани лица за да се соберат потребните информации за да се смени возраста на актерите. Новот истражување кое го направи Disney Research Studios го скратува процесот на стареење на видео.

- Advertisement -

Неуралната мрежа може да ги анализира фотографиите од лицето на актерот и да предвиди кои делови од лицето ќе бидат сменети со стареење. Потоа ги применува тие податоци за потенцијални брчки и други ефекти на дигиталната верзија. Со процесот се ставаат ефектите генерирани од вештачката интелигенција врз оригиналното лице.

(Interesting Engineering)

- Advertisement -

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -