Пивара Скопје со Пакомак и Министерството за животна средина ќе ги чистат националните обележја низ земјава

- Advertisement -

„Пивара Скопје“ во соработка со Министерството за животна средина и „Пакомак“ почнува кампања за чистење на националните обележја низ земјава. Преку платформата на нивниот најпознат бренд „Скопско’ наречена „Наша гордост, наша одговорност“,  ќе се чисти Охридското Езеро.

Во акцијата за најава на платформата беа исчистени над 100.000 метри квадратни површина од отпад од дното и крајбрежјето на Охридското Езеро. За наредната година планирани се уште неколку акции за чистење, како и активности  за пошироко вклучување на заедницата, за јакнење на свесноста и заштита на националната гордост – Охридското Езеро. Во годините кои следат „Скопско“ ќе опфати и други национални обележја во нашата земја.

- Advertisement -

“Пивара Скопје“ е компанија со стогодишна традиција, но целосно посветена на иднината и на одржливиот развој. Преку силата на нашиот најпознат македонски бренд ‘Скопско‘ ја започнуваме оваа долгорочната платформа која се фокусира на животната средина и повисоката цел која ‘Скопско‘ како бренд ја има, а тоа е да ја поддржи заедницата, да ги обедини и инспирира луѓето да делуваат за да го направиме светот подобар, сите заедно“, изјави Горан Сладиќ, генерален директор на Пивара Скопје.

Министерот за животна средина Насер Нуредини кажа дека само со е воспоставување на регионалниот систем за управување со отпад ќе се реши проблемот на расфрланиот смет низ државата и безбројните диви депонии што даваат грда слика на големото природно и културно богатство со кое оваа држава изобилува.

- Advertisement -

„Од таа причина ние како Министерство сме отворени за соработка и за поддршка на сите оние што сакаат да се вклучат во тој процес, било со конкретни активности, било со акции за подигнување и градење на свеста дека отпадот има свое место, дека секој отпад не е ѓубре и најголемиот дел има употребна вредност, а дека со градење на добри навики за постапување со отпадот придонесуваме за чиста животна средина, за зајакнување на економијата и најпосле и за заштита на сопственото здравје“, изјави министерот Нуредини.

Сподели!
- Advertisement -