Во виртуелните светови технологијата од ден во ден овозможува се пореалистично искуство во однос на визуелните и звучните доживувања, додека чувството на допире една од работите на кои треба сериозно да се поработи за мултиверзумот да стане второ место на живот.
Научници и инженери пд Универзитетот Сити Ју во Хонгконг сега го развија WeTac, односно тенка, преносна електронска кожа која овозможува тактилни повратни информации до корисниците во виртуелна и проширена реалност.
Системот е направен од гумен хидрогел кој се лепи за дланките и го прекрива делот од прстите, а е поврзан со мала батерија и Bluetooth комуникациски систем кој се наоѓа на фластер со површина од 5 cm2 на подлактицата.
Хидрогелот е прошаран со 32 електроди распоредени по дланките, палците и прстите, а низ нив се испраќаат електрични импулси за да се произведе чувство на допир. Симулирајќи одредени комбинации од овие електроди со различна моќност тимот вели дека системот WeTac може да симулира низа искуства, како што можете да видите на видеото подолу.
Истражувањето е објавено во Nature Machine Intelligence.
(Vidi.hr)
(фото: YouTube)