Томе Христовски: Со новите инвестиции Крушево прераснува во светски центар за параглајдинг!

- Advertisement -

Интервју со Томе Христовски, градоначалник на Крушево.



Што нуди градот на туристите за да се одлучат да го посетат?

Крушево нуди богатата туристичка понуда и, истовремено, ние како општина се трудиме да овозможиме проширување на туристичката сезона. Крушево покрај параглајдинг, планински велосипедизам, планинарење, авантура, историја нуди и храна и богата култура која вреди да се истражи.

Паралелно со организацијата на настаните активно работиме на реализација на проекти од областа на инфраструктурата, пред се’, кои ќе овозможат услови за повеќе содржини и повеќе посетители на Крушево. Можам да го издвојам проектот за развој на авантуристички туризам преку ЕУ и Светска банка со реконструкција на спортска сала, поставување на карпа за болдеринг, сувенирници, оспособување велосипедски патеки, за подобра промоција на општината. Потоа, асфалтирањето на патот околу спортските терени кој води до Крушевско езеро и реконструиравме 21 улица за да го подобриме изгледот на општината. Исто така, ја реконструиравме и горната училишна зграда, која е важна за туризмот заради својот изглед и својата историја, а го уредивме и долниот дел од паркот заедно со компанија СЕКЕ. Го реконструиравме и уличното осветлување и го опремуваме јавното комунално претпријатие за да ја подобриме хигиената. Но, тука не застануваме и продолжуваме да реализираме проекти во интерес на туризмот и генерално за развој на Крушево.

Во сезоната 2017/2018 Крушево доби признание „Супер бренд општина“ во областа на туризмот. Што е тоа што го прави Крушево да биде препознатлив супер бренд?

- Advertisement -

Крушево со своите природни убавини, планинската поставеност, спомениците, како сведоци на богатата историја, традиционалната кујна и гостољубивоста на Крушевчани, секојдневно привлекува како домашни, така и се повеќе странски туристи. Освен уживањето во скијашките терени на зима, велосипедските стази преку целата година, риболовот на езерото, шетањето по корија, и улиците на градот, планинската позиција за еден екстеремен спорт го смести на трето место во светот како центар за параглајдинг. Крушево има по многу нешта да се покаже – од специфичната препознатлива македонска архитектура, чистиот воздух, богатата традиционална трпеза, неодминливиот крушевски локум и целувки, и секако историјата која се открива на секој чекор вткаена во бројните споменици. 

Во последните години синоним за Крушево е Тоше, неговото родно место и вечното почивалиште, кои му дадоа доплолнителна атрактивност на градот.

- Advertisement -

Крушево со големи чекори оди напред во својот развој.  Некако природата, но и заслужни Крушевчани, како да се погрижија овој град по многу нешта да е прв, докажан низ историјата (Прва Република на Балканот), а сега прераснува во светско полетиште за параглајдинг.

Често Крушево е посетувано од странски тур-оператори. Кои се можностите што им ги нуди градот на странците за да го постават Крушево на својата мапа како туристички предлог?

- Advertisement -

Крушево им нуди на странските тур-оператори да организираат еднодневен или повеќедневен престој во Крушево за љубителите на адреналин и активен туризам, како и за сите љубители на традицијата, културата и религијата. Како основа за реализација на ваквите патувања е полетувалиштето и неговите придружни содржини, црквите и манастирите во Крушево и околината, бројните споменици на културата во градот, историските споменици, надополнети со угостителите и хотилиерите кои на своите менија имаат традиционална крушевска храна кој може да се вкуси само тука и на никое друго место.

Параглајдеризмот е еден од препознатливостите на Крушево. Што правите за да се прошират меѓународните натпревари?

Работиме во насока на развивање на туризмот, особено на полетиштето за параглајдинг. Го реконструиравме, поставивме нова трева и градиме објект. Иднината е во активниот туризам. Затоа вложуваме во параглајдингот и заедно со изградбата на објект на полетувалиштето се подготвуваме за побогата адреналинска туристичка понуда и одржување на Светското првенство во параглајдинг во 2023 година.

Објектот на полетувалиште ќе биде пуштен во употреба пролет 2023 година кога ќе се подготви и партерно уредување и истиот ќе служи за подобрување на условите за параглајдеристите и посетителите. Наша цел е зголемување на бројот на туристи и гости кои ќе бидат задоволни, како и зголемен број на ноќевања.

Фестивалите носат голем број туристи, а со тоа се подигнува локалната економија. Може ли Крушево да живее од туризам? Прашувам затоа што долги години Крушево беше малку подзаборавеново, а во вашите настапи велите дека го правите градот дестинација за четири сезони.

Како град постојано Крушево е исполнето со многу настани, но сезоната од година во година се продолжува и стануваме дестинација за авантуристички туризам, дестинација која е посетувана цела година. Ова лето во Крушево се одржаа When in Krusevo, Државен натпревар на непрофесионален филм, концерт по повод означување на 15 годишнината од последниот концерт на нашата музичка ѕвезда Тоше, Крушево будно, П.С. Гитар фест, многу меѓународни параглајдинг натпревари. Потоа, продолживме со автомобилските трки, ФИС ролер ски купот Тоше Проески, „8-ми септември“. Сето ова покажува дека Крушево има содржина, Крушево има што да понуди, Крушево станува популарно место.

Има ли Крушево доволно сместувачки капацитети и со какви содржини во пресрет на зимската сезона ќе го привлекувате вниманието на гостите?

Сметаме дека во Крушево има доволен број сместувачки капацитети кои се квалитетни и со сите содржини што му се потребни на туристите за да ги остварат своите потреби при престојот во Крушево. Најголем предизвик претствавуваат врнежите од снег од кои зависи скијачката сезона. На скијачките терени има доволно содржини за спорт и рекреација, како и забава за најмладите дополнета со авантуристички парк. Со полн капацитет работи жицарницата и ски лифтовите. Престојот во Крушево е збогатен со можност за посета на историските знаменитости и да не заборавиме нешто по што сме препознатливи – крушевската храна, крушевскиот локум и целуфки.

Колку задоволува инфраструктурното поврзување на Крушево?

До Крушево се пристапува од две страни и тоа преку регионален пат Прилеп – Крушево и Битола – Крушево. Патните правци се одржуваат од Македонија Пат и тука, сме ние како институција да излеземе во пресрет секогаш кога има потреба. Ние се трудиме постојано да обезбедуваме чисти и безбедни коловози. Заради зголемениот број на туристи постои проблем со паркинг места, како и конфигурацијата на терен. Исто така, се врши реконструкција на оштетените улици низ Крушево.

Крушево е раритет и во делот на културното богатство и традицијата. Што правите на овој план?

Крушево навистина е реткост во однос на сите погледи и ние се трудиме тоа да го одржуваме со организирање на различни настани и манифестации за промоција на традицијата и културата и тоа со помош од страна на централната власт и невладините организации.

После буржоаската револуција се случува Крушевската република. Колку се промовира овој историски факт во привлекувањето на туристи и инвеститори?

Прогласувањето на Републиката, позната како Крушевска Република, како што е влезена во историографската и во политичката литература, претставува настан од првостепено значење. Таа била поставена на демократски и републикански начела и претставувала прва ваква држава на Балканот со многу напредни примеси.

Споменикот Мечкин Камен е локалитет во близина на Крушево и тука се одвивале најхрабрите борби за време на Илинденското востание во 1903 година. Споменикот е подигнат во чест на храбрите илинденци. Локалитетот е пријатно место за престој.

Близу споменикот има излетничко место кое е комплетно уредено и доста посетувано од туристите и локалното население. Тука се одржуваат настани од различен тип кои се наменети за младите. На патот до ова излетничко место, се наоѓа и полетиштето за параглајдинг, така што тоа е причина плус за посета, како и инвестирање на овие места, кои се обвиени со висока шума.

Исто така, доста битен и значаен е Музејот на народно – ослободителната борба е сместен во староградска куќа од XIX век, во која во 1903 година е прогласена Крушевската Република. Отворен е на 2 август 1953 година, по повод 50-годишнината од Илинденското востание и Крушевската Република. Во музејот се изложени оригинални фотографии од членовите на Привремената влада, Советот и востаничките чети, карти, предмети со кои се служеле Никола Карев, Питу Гули, макети, текстови, Крушевскиот манифест, документи за одѕивот на Илинденското востание и Крушевската Република во странскио печат. Тука се и податоците за големите човечки и материјални штети кои му биле нанесени на градот од страна на турскиот аскер. Поставката на леарницата за куршуми, која постоеле во времето на Илинденското востание, воспоставена е во 2003 година. Во неа се наоѓаат оригинални орудија кои се користеле за лиење куршуми во текот на востанието.

Каква е заинтересираноста на инвеститорите да го прошират својот бизнис во највисокиот град на Балканот?

Крушево е една од најмалите општини во Република Северна Македонија и се наоѓа на 1 250 метри надморска височина. Нашето гратче е опкружено со природа и високи дрвја и исто така, е доста посетуван од домашни и странски туристи. Крушево го поседува едно од најдобрите места за параглајдерство и змејарство и секоја година се одржуваат меѓународни натпревари. Полетувалиштето е сместено на 1 400 метри надморска височина. Крушево е доста посетувано благодарение на популарната историја и затоа во чест на историските вредности организираме низа на настани, се грижиме за историските споменици и нивна промоција. Постојано работиме во насока на развој на авантуристичкиот туризам и тоа го прави Крушев топ дестинација. Со оглед на нашата местоположба, вредните и чесни жители, чистиот воздух, се повеќе се пројавува интерес кај инвеститорите да ги продолжат своите бизниси во Крушево.

Каква е демографијата на општината, си одат ли младите од Крушево и што прави локалната самоуправа да ги задржи?

Генерален проблем во секој мал град е иселувањето на младите генерации во потрага по подобар живот, социјален и општествен. Масовното иселување не е проблем ко го среќаваме само кај младите, туку и кај повозрасните. Тоа е еден несопирлив процес и проблем кој не засегнува сите. Младите се важна алка во нашата земја. Јас верувам дека секој човек треба да биде вредуван врз основа на неговите квалитети и достигнувања. Јас, како градоначалник заедно со моите вработени во локаланата самоуправа, постојано работиме во насока на отварање нови работни места, во привлекување на странски и домашни инвестиции, како и проширување на капацитетите на фабриките во индустриската зона. Наша цел е да овозможиме младите да живеат безбедно, слободно и во напредно општество во кое ќе можат да си овозможат исполнување на основните потреби, да стекнат финансиска независност и на тој начин да придонесат за развој на свој град и држава.

Како општина Крушево, се справува со енергетската криза?

Електричната енергија е од суштинско значење за нашиот живот. Нејзиното нерационално користење ги уништува природните богатства кои се трошат за да се добие таа енергија, за да се преработи и транспортира до нас. Затоа, согласно најновите мерки и препораки на Владата за заштеда на електричната и топлинска енергија, Општина Крушево започна проект со кој ќе биде извршена промена на 200 сијалици на уличното осветлување на територијата на град Крушево. Промената ќе биде со заменување на постоечките сијалици со нови СМАРТ ЛЕД сијалаци преку кои се обезбеди повисоко ниво на заштеда и намалување на потрошувачката на електрична енергија за јавното осветлување.

Подрачното училиште во с. Пресил, ќе добие целосно нов лик и ќе се создадат современи услови за следење на наставата и работа на наставниците. Ова е прва темелна реконструкција од кога е изградено училиштето, со која се овозможи енергетско ефикасна фасада и прозори. Инвестирањето во образованието не запира со реконструкцијата на ова училиште. Наша задача е да обезбедиме квалитетни услови за настава за секој ученик. Во таа насока продолжуваме со работа.

Понатаму, на Горната училишна зграда во Крушево се изврши реконструкција како објект споменик на културата во Крушево со примена на технолошки решенија во насока на заштеда на енергија. Во рамките на објектот опремени се мултифункционална сала за кино, театар, претстави со капацитет од 80 седишта. Зградата во сите свои простории е пристапна за лица со физичка  попреченост.

Во населеното место Борино е извршено целосно реновирање на училитето, за првпат од неговата изградба врз основа на принципот на инклузивност и заеднички ангажман на донаторот, учениците и нивните родители, како и наставниците.

Во ОУ Никола Карев во Крушево се решава еден од долгогодишните проблеми, односно се заменува покривот на училиштето и се поставува дренажа со цел да се заштити училиштето од влага.

Во однос на населеното место Норово од страна на Општина Крушево се прават напори да се добие проект кој ќе овозможи проширување на капацитетот на училиштето и да се задоволат барањата на учениците и наставниците.

На територијата на општина Крушево ќе се постават мерни станици за мерење на квалитетот на воздухот, успеавме да зафатиме нови гравитациони извори на вода и ќе се реконструира делот од водоводната мрежа кон Крушево со што ќе се подобри водоснабдувањето и ќе се намалат загубите на вода.

Во насока на обезбедување на заштеда на електричната енергија планираме во нареднава година да поставиме фотоволтаици на општинските објекти.

Голем проблем на нашата општина е огромната потрошувачка на електрична енергија за пумпање на водата од регионалниот систем Студенчица од пумпната станица во с.Норово лоцирана на 600 метри надморска височина до градот Крушево 1300 метри надморска висина.

Во моментов изготвуваме техничка документација за целосна реконструкција на пумпната станица со техничко решение кое ќе вклучува фотоволтаични панели за снабдување на пупмната станица со електрична енергија. Ова решение заедно со мониторинг систем на водоводна мрежа во градот ќе овозможи заштеда на електрична енергија, намалување на процентот на неприходувана вода и консолидација на ЈП Комуна – Крушево, со крајна цел подобрување на квалитетот на општинските услуги кои ги испорачуваме кон граѓаните.

Споменикот Македониум е четврто светско ремек дело, тука е и Спомен куќата на Тоше Проески. Има ли други објекти во Крушево што би можеле да прераснат во препознатливо место за посета?

Споменикот “Мечкин Камен” претставува востаник со високо подигната камен карпа над главата и го претставува последниот очајнички миг во борбата на востаниците од одредот на легендарниот војвода Питу Гули, кои скапо ги дадоа своите животи при одбраната на Крушевската Република. Легендарниот “Мечкин Камен” претставува епопеја сам за себе.

Споменикот на “Слива” е симбол на јунаштвото и саможртвата на македонските востаници при одбраната на Крушевската Република на 12 август 1903 година.Тој е длабоко врежан во душата и свеста на македонскиот човек.

Музејот на НОВ се наоѓа во близина на Платото од споменикот Илинден на месноста Гумење. Отворен е во 1988 год. и во него се сместени експонати кои сведочат за Народно Ослободителната Борба од 1941-1945 година. Во музејот доминира фреската Муралот (ѕидна фреска на фронталниот ѕид), на големиот мајстор на боите Борка Лазески, која го отсликува текот на војната.       

Музејот на Илинденското востание и Крушевската Република сместен е во страрогратска куќа од 19 век, во која во 1903 год. е прогласена Крушевската Република. Тука се сместени оригинални експонати од оружје, карти, мапи, фотографии со што хронолошки се изнесени настаните поврзани со илинденската епопеја.

Леарницата за куршуми за време на Илинденското востание како поставка постои од 2003 година. Во неа се наоѓаат оригиналните орудија кои се користеле за лиење на куршуми во текот на Илинденското Востание.

Галерија Мартиноски-Етнолошка поставка Мартиноски (1903-1973) има создадено огромен број творби што се наоѓаат во многубројни јавни и приватни колекции. Но, Галеријата “Никола Мартиноски” во Крушево (отворена 1968г.) е најголемата збирка творби во овој град. Таа содржи неколку десетици творби (масла, темпери, цртежи, графики) од неколку периоди во творештвото на уметникот, почнувајки од 1928 година наваму.

Кои интересни проекти и содржини може да ги очекуваат посетителите на градот на падините на Бушева планина за време на вашиот втор градоначалнички мандат? Што треба вo градот дополнително да се направи?

Земајќи ги предвид и барањата на граѓаните се трудиме да докажеме дека сме една препознатлива дестинација и затоа организираме низа настани, како што се Светско првенство за змејарство, 9 меѓународни првенства за параглајдерство кои ќе се одржуваат од почетокот на мај до крајот на септември, манифестацијата 10 дена Крушевска Република со богата програма, off road тура, out door фестивалот When in Krusevo, велосипедски тури со одржување на меѓународен настан при промоција на новите даун хил патеки, Крушево низ корија, државен натпревар за риболов, промоција и поставување на новите биатлон патеки за потребите на нордиско меѓународно скијање, трката низ крушевските улици, крос Krusevo run, настани поврзани со прмоција на историски, културни знаменитости за привлекување на повеќе гости и туристи во нашето Крушево, одржување на настани кои го негуваат ликот и делата на Тоше Тодор Проески преку целата година како што се меморијален турнир во мал фудбал Тоше Проески, пливачки државен маратон во пливање на Крушевското Езеро, фир ролер куп Тоше Проески.

Крушево во 2023 година ќе биде домаќин на најголемиот младинско-едукативен камп – извидничка смотра. Што ќе им биде понудено на извидниците?

Ќе биде определен простор каде нормално и безбедно би се сместиле и функционирале со потребна инфраструктура, вода, тоалети, струја.

Општина Крушево доделува и мотивациски награди за поединци кои ги унапредуваат туристичките услуги во Крушево. Кажете ни нешто повеќе за ова?

Клучното прашање за соработка помеѓу сите чинители во туристичкиот сектор и институциите е подигнато на повисоко ниво, со акцент на поголема свест за јавната чистота и заштитата на природата како главен фактор за подобра туристичка понуда на општина Крушево, со промовирање на личната одговорност во однос на управувањето со отпадот кој го произведуваме, но и со поголема одговорност на институциите при спроведувањето на одлуките.

Нашата основна цел е да се зајакне довербата и прошири соработката на сите чинители во туристичкиот сектор во општина Крушево. Тоа ќе се постигне преку сите акции кои беа планирани. Мотивираноста на туристичкиот сектор е да дадат подобри еко органски услуги и да се следат европските трендови, и покрај тоа планираме да се вроди уште еден продукт зелен беџ кој планираме во иднина да се доделува од страна на општината секоја година.

Нашата основна цел да се зајакне довербата и прошири соработката на сите чинители во туристичкиот сектор во општина Крушево ја постигнавме преку сите акции кои беа планирани така да често се среќававме сите и работевме заедно на сите акции. Мотивираноста на туристичкиот сектор да даде подобри еко – органски услуги и да ги следи европските трендови вроди и со уште едне продукт – зелен беџ кој планираме во иднина да се доделува од страна на општината секоја година.

Сподели!
- Advertisement -