Признанијата од индустријата се највредни, затоа што покажуваат дека нашата работа има реално влијание

- Advertisement -

Во време кога технолошките промени се случуваат со невидена динамика, а пазарот станува сè поконкурентен, вистинската вредност на една компанија најјасно се гледа преку довербата што ја ужива во индустријата. Токму таква потврда за својот континуиран квалитет, професионализам и интегритет доби КАБТЕЛ во изминатиот период, освојувајќи ја престижната награда „Македонски квалитет“ од Сојуз на стопански комори на Македонија, како и специјално признание од МАСИТ по повод 25-годишниот јубилеј на организацијата.

Овие признанија не се само формален успех или симболично достигнување. Тие претставуваат верификација на долгогодишната стратегија на компанијата — да гради одржливи, технолошки напредни и доверливи решенија, засновани на експертиза, посветеност и јасни вредности. Во индустрија каде резултатите се мерат преку стабилност, сигурност и долгорочни партнерства, ваквите награди имаат особена тежина, бидејќи доаѓаат од релевантни институции што го препознаваат вистинскиот придонес во развојот на македонскиот ИКТ сектор.

- Advertisement -

По тој повод, разговаравме со извршниот директор на КАБТЕЛ, г-н Горан Митрески, за значењето на овие признанија — како лична и професионална сатисфакција, но и како мотив за идниот развој на компанијата. Во интервјуто, тој говори за улогата на индустриските признанија во градењето доверба, за корпоративната култура што стои зад успехот, како и за визијата со која КАБТЕЛ ќе го одбележи својот 25-годишен јубилеј во 2026 година.

Ова е разговор за вредностите што траат, за тимската работа што создава резултати и за тоа зошто признанијата од индустријата се најсилната потврда дека работата има реално и долгорочно влијание

- Advertisement -

Новинар – Верица Јорданова

Што значат признанија за Вас лично и за целиот тим, како се чувствувавте кога КАБТЕЛ и Вашата работа добија награди од така престижни институции како „Македонски квалитет“ и МАСИТ?

„Признанијата од релевантни индустриски и бизнис институции се многу повеќе од симбол на успех — тие се потврда дека принципите на квалитет, знаење и интегритет на кои ја градиме нашата работа се видливи и вреднувани.

- Advertisement -

За нашиот тим, ова е момент на гордост. Секој инженер, проектен менаџер, системски специјалист и сите кои во различни фази придонесувале за проектите на КАБТЕЛ, можат да ја почувствуваат значењето на својата работа. Признанијата се потсетник дека секој мал, но внимателно изведен чекор во проектите има влијание кое се признава и на индустриско ниво.

Особено за мене лично, наградите се мотив да продолжиме уште поенергично — да инвестираеме во нови технологии, таленти и иновации кои создаваат реална вредност, не само за клиентите, туку и за целиот македонски ИКТ сектор. „Македонски квалитет“ и признанието од МАСИТ ја потврдуваат довербата на индустријата и го нагласуваат придонесот на КАБТЕЛ како водечки партнер во ИКТ.“

Во современиот бизнис свет, маркетингот и самопромоцијата често добиваат големо значење. Зошто сметате дека признанијата од индустријата и стопанските комори имаат особена тежина и практична вредност во споредба со традиционалните форми на промоција?

„Секогаш велам дека признанијата од институции што ја разбираат тежината на индустријата имаат поголема вредност од било каков маркетинг или реклама. Тие се доказ дека начинот на кој работиме и принципите што ги следиме — квалитет, интегритет, посветеност кон клиентот — создаваат вистинска вредност.

Практичната страна на овие награди се гледа во довербата што ја градиме кај партнерите, локалните компании и државните институции. Кога тие гледаат дека нашите решенија се признати како „Македонски квалитет“, тоа им дава сигурност дека инвестираат во вистински и доверлив партнер.

Истовремено, наградите се важен сигнал за тимот. Тие гледаат дека нивниот труд е видлив, ценет и има реално влијание, што го зголемува мотивацискиот ефект не само кај постојните, туку и кај младите таленти кои сакаат да се приклучат на компанијата и да бидат дел од нашиот пат кон иновации.“

КАБТЕЛ често се истакнува како синоним за квалитет и интегритет. Како овие награди ја рефлектираат културата на компанијата и начинот на кој го градите тимот и односите со клиентите?

„Културата на КАБТЕЛ секогаш била изградена врз принципите на квалитет, доверба и интегритет. Овие награди ја потврдуваат токму таа култура и го истакнуваат значењето на секојдневните заложби на тимот.

Но, важно е да се нагласи дека тие не се крајна цел. Напротив, тие се потсетник дека секоја одлука, секој проект и секое решение што го носиме, се дел од нешто поголемо — од создавање на ИКТ екосистем кој е доверлив, одржлив и иновативен.

Успехот не доаѓа само од технологијата, туку од посветеноста на луѓето што стојат зад неа. Токму затоа наградите се и поттик да продолжиме да учиме, да се развиваме и да ги надминуваат предизвиците со креативност и храброст.“

Како овие признанија можат да влијаат на македонската ИКТ индустрија воопшто и, особено, на младите инженери, програмери и таленти што сега започнуваат да градат кариера?

„Признанијата го истакнуваат квалитетот и зрелоста на домашната ИКТ индустрија и испраќаат јасна порака: македонските компании можат да создаваат решенија кои се професионални, сигурни и конкурентни на меѓународно ниво.

За младите инженери, програмери и стручњаци, ова е инспирација. Тие гледаат дека знаењето, упорноста и професионалноста се препознаени и вреднувани. Тоа создава генерациска мотивација — талентите сакаат да се развиваат тука, да останат дома и да придонесуваат за растот на локалните компании.“

По добивањето на овие награди, како го гледате следниот развој на КАБТЕЛ? Кои се вашите приоритети за идните проекти, иновации и инвестиции, и како ќе продолжите да ја зацврстувате позицијата на компанијата на домашниот и регионалниот пазар?

„Наградите се мотивација, но не се крајна цел. Нашата работа продолжува со фокус на иновации, интегрирани системи за автоматизација, паметни објекти, индустриска автоматизација и сајбер-безбедност.

Најважната инвестиција останува во луѓето. Секој ден вложуваме во знаење, обуки и развој на тимот. Нашата цел е КАБТЕЛ да биде партнер на кој клиентите можат да се потпрат, а индустријата да гледа пример за квалитет и интегритет.

Овие награди се потсетник дека патот кон иднината продолжува. Со голема возбуда ја најавуваме и претстојната прослава на 25-годишниот јубилеј на КАБТЕЛ во октомври 2026 година — четврт век континуиран развој, иновации и партнерства. Тоа ќе биде прилика да ја прославиме посветеноста на целиот тим, довербата на клиентите и значењето на ИКТ индустријата во Македонија.“

Кога зборуваме за долгорочен успех и препознавање во индустријата, што би порачале на другите македонски компании и претприемачи кои се стремат кон стабилност, квалитет и раст?

„Довербата, квалитетот и интегритетот не се гради преку ноќ. Тие се резултат на континуиран труд, посветеност и вистински вредности. Признанијата од индустријата се потврда дека ваквиот пристап се исплати.

Мојата порака е едноставна: вложувајте во знаење, луѓе и интегритет,  успехот и препознавањето ќе дојдат сами по себе, и тоа на долгорочен и стабилен начин.“

Сподели!
- Advertisement -