Илон Маск дефинитивно се повлeкува од директорската позиција во Twitter

- Advertisement -

Илон Маск, сопственикот на Twitter, одлучи да ги послуша корисниците на оваа социјална мрежа и да замине од челото на компанијата. Тој ќе остане на позицијата извршен директор само додека не најде замена.

Откако резултатите од анкетата што ја почна на Twitter покажаа дека најголем дел од корисниците сакаат тој да отстапи од местото шеф на Twitter, Маск изјав дека ќе ги почитува резултатите и ќе остане директор додека не најде некој кој ќе биде негова соодветна замена.

- Advertisement -

Притоа, тој не откри кога ќе се случи тоа, но вели дека ќе отстапи од чело на компанијата кога ќе најде некој што е доволно луд за да ја прифати оваа работа и потоа единствено тој ќе управува со тимовите за софтвер и сервери.

Засега не се споменува дали можеби се одлучил да го продаде Twitter, па луѓето шпекулираат дека можеби новиот директор ќе има само симболична улога во компанијата, колку само да не го критикуваат заради тоа што го прави внатре во компанијата.

- Advertisement -

Сево ова се случува откако Twitter прими опасни удари. Околу 70% од вработените или се отпуштени од работа или дадоа отказ. Огласувачите побегнаа од платформата затоа што добија слобода троловите и говорот на омраза, а модерирањето на содржините и безбедноста целосно стагнираа.

Компанијата се соочува и со се поголем притисок на владата на САД на многу полиња, па Маск изгледа конечно сфати дека едноставно не е подобен за управување со социјалната мрежа ако навистина сака да ја спаси од потонување.

- Advertisement -

(Vidi.hr)

(фото: East Anglia Bylines)

Сподели!
- Advertisement -