Почнува тестирањето на најголемиот авионски мотор во светот

- Advertisement -

Rolls-Royce ја заврши изградбата на првиот демонстратор за својот масивен робот UltraFan, кој ќе почне да се користи во авионите во 30-тите години од овој век. Патничките автиони ќе продолжат да согоруваат јаглеводородни горива во догледна иднина затоа што уште не постои чиста алтернатива која би можела да го достигне досегот и издрливоста на сегашните авиони. Од таа причина, Rolls-Royce продолжува да ја развија својата нова генерација UltraFan мотори.

Овој џиновски турбовентилатор е првиот од цело семејство на мотори за авиони. Неговиот дијаметар од речиси 3,56 метри е за 5% поголем од тој на General Electric GE9X, кој моментално е најголемиот авионски мотор во класата патнички авиони.

- Advertisement -

UltraFan го користи новиот роботски контролиран 3Д композитен процес на производство на Rolls-Royce, кој сега е способен да произведе сложени форми потребни за аеродинамика на перките на вентилаторите. Инженерите избрале титаниум за предните рабови на перките, додека остатокот е карбонски композит. Тоа го прави многу полесен од вентилаторите на моторите на Rolls-Royce од класата Trent. Овој лесен вентилатор е клучната причина зошто Rolls-Royce успеа да направи толку голем мотор, затоа што неговата крајан цел ќе биде да ја намали тежината на самите авиони и да остави место за дополнителен багаж и патници.

Моторот прави за 35% помала бучава и троши околу 1/4 помалку гориво од моторите Trent од првата генерација, што значи е поевтин за табота, овозможува поголем досег и е поприфатлив за околината. Исто така, има за 40% намалена емисија на NOx и речиси целосноа елиминација на честички. За поќеток, дизајниран е да работи со 100% одржливо гориво, но Rolls-Royce размислува и за хибридна електрификација и согорвување водород со цел целосна декарбонизација.

- Advertisement -

(Vidi.hr)

(фото: Rolls Royce)

Сподели!
- Advertisement -