Кинескиот технолошки гигант Baidu објави дека го проширува комерцијалното работно подрачје и работното време на такси службите без возачи во градот Вухан, централна Кина. Автономната платформа за возење Apollo Go по прв пат лансираше ноќни роботски такси во Вухан и со тоа ја означи новата фаза од комерцијализацијата на автономните возила во Кина.
Моментално со над 50 такси возила без возачи во оптек, Apollo Go покрива оперативна површина од 130 квадратни километри во Вухан. Во меѓувреме времето на работа во Јуншан Нов град во зоната за економски и технолошки развој е продолжено од 7 до 23 часот, за да се задоволат потребите на граѓаните за ноќно возење.
Ноќните саати отсекогаш биле една од клучните технички тешкотии на технологијата за автономно возење затоа што на возилата им е тешко да ги проценат препреките и пешаците при послабо осветлување.
Baidu го стартуваше пилот сервисот на Apollo Go во повеќе кинески градови како што се Пекинг, Шангај, Гуангжу и во Шенжен. Кина во последните години воведе низа политики за промовирање на развојот и комерцијализацијата на технологијата за возила без возачи.
(Bizlife)
(фото: YouTube)