Над 42.000 видови животни се во опасност од изумирање

- Advertisement -

Ирвасите и царските пингвини се меѓу врстите кои организацијата за заштита на околината на Светскиот економски форум истакна дека би ги илустрирале заканите со кои се соочуваат илјадници животни ширум светот.

Илјадници врсти се соочуваат со пад на популацијата и тоа во се поголем број, објави организацијата во својот извештај. Меѓународната цврена листа сега содржи над 42.000 животински видови и растителни врсти кои се загрозени, велат од организацијата повикувајќи се на Црвената листа со загрозени видови на Меѓународната унија за зачувување на природата.

- Advertisement -

Во 2000 година најголемата светска популација на диви ирваси во регионот Таимир на рускиот Арктик се состоела од милиони животни, а денес се преостанати само 1/4, велат од Светскиот економски форум. Како главни причини ги наведуваат климатските промени и ловокрадците.

Организацијата, исто така, ги истакна царските пингвини и рече дека минатата година не е направено ништо за подобро да се заштити таа врста. Со моменталното ниво на емисија на штетни гасови, меѓу 80 и 100 проценти од сите познати колонии на царски пингвини се загрозени од изумирање.

- Advertisement -

Светскиот економски форум, исто така, ги истакна и позитивните примери на зачувување на врстите, вклучувајќии ја и популацијата на тигри во Непал, како и грбавите китов во Австралија. Тие животни се тргнати од листата со загрозени видови пооради значителното зголемување на популацијата.

(N1)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -