Koсмик Девелопмент: 2022 ни беше одлична година, а 2023 ќе биде нашата година

- Advertisement -

Заврши изминатата 2022, во која извонредната македонска  ИТ компанија, КОСМИК ДЕВЕЛОПМЕНТ која вработува и гради тимови за потребите на светски познати компании ширум светот, ги сумираше впечатоците, ги направи аналитиките и во одлично расположение влегуваат во празниците кои ги искористија да ги соопштат убавите вести со јавноста.

“Додека ни траат деновите на одмор во кој уживаме во домашниот амбиент, имаме време за многу филмови, за топло чоколадо и за музички празнични плејлисти, но и за добри позитивни вести, сакаме да споделиме со вас во овие мирни денови, каква беше нашата 2022 година и зошто сме добра приказна.

- Advertisement -

2022 година може да се заокружи како една од најуспешните години за Космик Девелопмент. Успехот на компанијата се мери преку растот на бројот на вработени, кој во 2022 изнесуваше дури 40%, споредено со минатата.

Тоа е само еден голем знак како сериозно расте бројот на клиенти и проекти на кои работевме, а особено не прави горди високата стапка на employment retention. 

- Advertisement -

Стратегијата која ќе не води во 2023 е повеќе од ветувачка, истото темпо на раст е планирано за новата година која штотуку започна.

Во изминатите 365 денови се инвестираше сериозно во делот на професионален развој на вработените, преку овозможување на различни програми и платформи за учење и доусовршување, дома и во странство, сериозен буџет беше одвоен за посета на настани и за внатрешни и надворешни обуки. Отворивме нови модерни канцеларии во Скопје, Македонија и во Белград, Србија. Новата co-working канцеларија во Белград беше отворена пред неполн месец, што беше одлично заокружување на тој дел инвестиции, а посветивме време на планови и старт на реализација за новиот простор во Битола, кој ќе биде фантастичен.

- Advertisement -

Нашиот тим во 2022 доби многу бенефити, а новина е приватно здравствено осигурување за потесните семејства на вработените, со што компанијата вложува не само во вработените, туку и во нивните најблиски”-истакнуваат од КОСМИК ДEВЕЛОПМЕНТ.

На нивната предновогодишна забава, ги наградија најдобрите.

Забавата, која беше тематска и ги врати гостите во ерата на 80-тите кога диско забавите беа многу популарни, под наслов “Let’s Dance”, компанијата ја искористи на најубав начин, така што забавата со диско топки, коктели и ретро плејлисти ја претвори во фандрејзинг во кој комапнијата заедно со нивните тимови од трите точки на кои функционира КОСМИК ДEВЕЛОПМЕНТ, собраа средства кои ги наменија за спортски стипендии за талентирани деца од ранливи категории.

Уште една акција, во која се вклучи компанијата на најубав начин ја заокружува измината година за нив.

А тоа е, нивната понуда на повикот на Битолскиот народен театар кој започна акција во декември, “Оствари желба” во која компанијата се понуди да ја земе листата од пристигнати желби и да ја оствари во целост.

Ова беше акција, посветена на децата од категориите на социјално загрозените семејства, за кои празниците се само уште еден ден за борба со немаштијата која ги следи.

“Сакаме на убав начин да ги направиме радосни празниците за овие деца.

А тоа се деца на семејства кои имаа егзистенцијални проблеми, деца на самохрани родители и ги спојува едно нешто, а тоа е тешкиот животен пат. Знаеме дека нема да го промениме целиот свет со тоа, но ќе го разубавиме нивниот свет на еден ден”- истакнуваат од КОСМИК ДEВЕЛОПМЕНТ. 

2023 година е година на значајни предизвици за компанијата. Новите простории во Битола, ќе прикажат кои футуристички трендови во дизајнирање на работен простор ќе ги добие Македонија. Компанијата на своите вработени веќе им го претстави новиот пакет на бенефити, кој со сигурност е еден од ретките од ваков тип кај нас, а продолжуваат и плановите за раст и развој на секој вработен. 

Сподели!
- Advertisement -