Стартапи од Македонија може да аплицираат на EIC SME инструментoт. Дознајте како?

- Advertisement -

Отворен е EIC SME инструментoт за мали и средни претпријатија кој е дел од европскиот совет за иновативност што подржува врвни иноватори, претприемачи, мали компании и научници со акцелераторски услуги и можности за финансирање. Главниот фокус на EIC SME инструментот е креирање на иновации за пазарот со цел да се подобри интернационалната продуктивност и конкурентност и да се отворат нови вработувања.
За поддршка од овој инструмент може да аплицираат: мали и средни претпријатија со голем потенцијал кои сакаат да создаваат и донесат на пазарот нови производи, услуги и бизнси модел кој ќе поттикне економски раст, мали и средни претпријатија со радикална нова идеја поткрепена од бизнис план за претставување на иновативни решенија на пазарот со амбиција за раст/scale up.
Апликантите треба да потекнуваат од ЕУ или да е дел од членките земји учеснички на Horizon 2020, каде што спаѓа нашата земја.
EIC SME Instrument   вклучува целосен циклус на иновациска бизнис подршка, брои 3 фрази и содржи менторски услуги и обуки. Фаза 1- изведливост, Фаза 2 – од концепт до пазар, Фаза 3 – Бизнис акцелераторски услуги и обуки.
Enterprise Europe Network (EEN) ги спроведува бесплатните обуки. Стартап компаниите од земјава кои сакаат да се пријават треба да се регистрираат и достават предлог на порталот за учесници на Horizon 2020. На овој ЛИНК се  правилата за кандидатите кои ќе аплицираат.
Сите заинтересирани апликанти може да ја контактираат регионалната канцеларија на Enterprise Europe Network за повеќе прашања.
Повеќе насоки за кандидатите на следниот ЛИНК, Исто така испраќам и линк до совети за кандидатите.

Сподели!
- Advertisement -