ВИДЕО: Во Лас Вегас претставен уред кој се става на ВЦ школка и ја анализира урината

- Advertisement -

Компанијата Withings неделава на саемот за технологија CES 2023 во Лас Вегас го претстави U-Scan, сензорот кој се прицврстува на ВЦ школка и ја анализира урината на сите корисници.

U-Scan ќе биде достапен во Европа во првата половина од годинава, а планирано е и пласирање на производово на американскиот пазар откако ќе добие зелено светло од американската Агенција за храна и лекови.

- Advertisement -

На сите им е познато дека од урината во лабораторија може да се добијат секакви податоци за здравјето, на пример, дехидратација, бременост, инфекција, а може и да се дознаат информаци за другите органи во телото.

Компанијата Withings својот производ го осмислила околу некој од тие биомаркери, а го направиле во две верзии. Во првата верзија во U-Scan се става додаток за следење на исхраната и метаболизмот, се мерат кетоните и витаминот Ц со тестирање на pH вредноста на урината. Во втората верзија се става додаток за жени кои сакаат да ги следат своите менструални циклуси и хормоните.

- Advertisement -

Еден од тие додатоци има доволно ленти хартија за три месеци користење. Од Withings порачуваат дека уредот најдобро работи ако се прицврсти на предниот дел од ВЦ школката, а тоа бара доза креативност кај уринирањето кај мажите од стоечка положба. Урината се собира во мал отвор, а сензорот притоа ја разликува урината од другите надворешни течности , како и урината на различни луѓе. Урината потоа се прместува во испитна капсула, а после анализата отпадот се исфрла од уредот и се измива.

Резултатите од анализата преку WiFi се испраќаат до мобилните телефони на корисниците и се складираат во апликацијаѕа Health Mate на компанијата Withings. Цената на U-Scan во Европа е помалку од 500 евра.

- Advertisement -

(CNET)

(фото: Withings)

Сподели!
- Advertisement -