Поради технологијата за паметен дом денешните кујни може да ви донесат мнигу дигитални опции и секојдневни уреди како машини за перење, печки и фрижидери. Благодарение на компанијата Moen и нејзиниот гаџет наречен Smart Faucet with Motion Control, кој беше претставен на саемот CES 2023, сега дојде време да се „опаметат“ и чепмите во кујна.
Паметната кујна доаѓа со контрола на движење и овозможува пуштање вода без допирање. Moen воопшто нема ставено рачка за пуштање вода на чешмата и треба само да мавнете со рацете пред неа за да пушти вода или да ја стопирате водата. Зградените сензори во чешмата овозможуваат прецизна контрола на проток и на температурата со едноставно движење на рацете, како што можете да видите од видеото во прилог.
Ако имате паметен звучник како Google Home или Amazon Alexа, со чешмата може да се управува и со гласовни наредби, па дури и да одредувате прецизна контрола на количината вода, додека преку апликацијата Moen можете да зададете прецизни упатства за количината и температурата, во зависност од намената за која ви треба водата.
На шример, можете да направите однапред подесена поставка „кафе“ и да добиете точна количина вода со совршена температура за утринското кафе.
Освен што така чешмата е полесна за користење и овозможува заштеда на вода и енергија, системот на Flo на Moen за надзор на водата може автоматски да ги исчисти цевките. Новата славина е дизајнирана да се поставува релативно лесно, а се напојува со енергија од батерија или со наизменична струја ако имате штекер под мијалник.
За најголем дел од потенцијалните корисници проблем ќе биде цената – оваа чешма чини дури 1.100 долари.
(Vidi.hr)
(фото: YouTube)