Премиерaта на Samsung Galaxy S10 закажана за 20 февруари

- Advertisement -

Неодамна на Интернет почнаа да кружат информации за можните спецификации и датумот на претставување на мобилниот телефон Samsung Galaxy S10. Според медиумите, Galaxy S10 би можел да биде претставен на 20 февруари идната година, а најпрвин ќе се најде на пазарот во Велика Британија. Меѓутоа, некои медимуи наведуваат дека мобилниот телефон би можел да се најде и во САД во исто време.

Битно е да се истакне дека ова се уште се неофицијални податоци. Наводно, Samsung Galaxy S10 ќе биде претставен непосредно пред почетокот на Светскиот мобилен конгрес. Вообичаено, Samsung ги лансира своите уреди од серијата S на претходно наведен настан, но анонимни извори тврдат дека компанијата може да организира сопствена промоција на 20 февруари 2019 година само неколку дена пред Светскиот мобилен конгрес.

- Advertisement -

По промоцијата, уредите наводно ќе бидат лансирани на пазарот во март 2019 година. Како што и претпоставува јавноста, во продажба би требало да се најдат три варијанти на телефонот. Samsung Galaxy S10 ќе има закривен екран од 6,1 инчи, 128 GB или 512 GB интерна меморија, а распонот на цената ќе се движи од 1.009 до 1.262 долари. Samsung Galaxy S10 Plus ќе има екран од 6,4 инчи, интерната меморија ќе се движи од 128 GB, 512 GB се до еден терабајт. Цените на овој модел ќе се движат од 1.136 до 1.767 долари.

Најевтината варијанта ќе биде Galaxy S10 Lite, која на пазарот ќе се најде со големина од 5,8 инчи со 128 GB интерна меморија и ќе чини 845 долари.

Сподели!
- Advertisement -