Microsoft отпушта 10.000 вработени

- Advertisement -

Компанијата Microsoft почна со отпуштање на 10.000 вработени, што е околу 5% од вкупната работна сила. Како што велат од компанијата, тоа е одговор на макроекономските услови и промените во приоритетите на корисниците. Тоа го покажува и документацијата која беше поднесена до надлежното регулаторно тело во САД.

Од Microsoft наведуваат дека само што ги известиле вработените за отказите,а некои откази веќе биле поделени. Најавени се и промени во харверското портфолио на компаниите и консолидација на локациите на кои изнајмуваат канцеларии, што исто така значи намалена активност.

- Advertisement -

Во мејл до вработените главниот раководител на Microsoft, Сатја Надела, наведе дека отказите опфаќаат помалку од 5% од вкупната база на вработени, а некои вработени за отказот биле известени денес.

„Иако ги елиминираме работните места во некои региони, ќе продолжиме да вработуваме во клучните стратешки сектори“ напиша Надела, укажувајќи на важноста на создавањето нови компјутерски платформи со користење на напредокот на вештачката интелигенција.

- Advertisement -

Според него, корисниците на услугите на тие компании кои во текот на пандемијата на КОВИД-19 се повеќе трошеле на дигитална технологија сега настојуваат да ги оптимизираат своите дигитални трошоци за со помалку да постигнат повеќе.

„Исто така, гледаме дека организациите во сите стопански гранки и во сите географски региони окажуваат внимателност со оглед на тоа дека некои делови од светот се во рецесија, додека други делови очекуваат да влезат во рецесија“ напиша Надела.

- Advertisement -

И други технолошки компании – Amazon, Twitter и Meta го намалуваат бројот на вработени затоа што се загрижени поради негативните економски движења во САД и во светот.

(N1)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -