Samsung претстави екран кој може да се витка за 360 степени

- Advertisement -

Samsung Display го претстави првиот фунцкионален прототип на телефон со новиот екран Flex in and Out, кој може да се отвори и да се склопи во двата правци, односно за 360 степени.

Тоа значи дека некој иден телефон Samsung Fold-Flex може да добие опција која ќе ви овозможи да го расклопите до таблет, а потоа да продолжите да го расклопувате во друг правец, после што ќе имате екран од двете надворешни страни.

- Advertisement -

Екранот со дупла функција првенствено е развиен со идеја да се намали потребата за друди надворешни екрани, кои често ќе се користат кога ќе биде склопен телефонот. Тоа е можно затоа што внатрепниот екран може да се дуплира како надворешен кога ќе се склопи кон надвор, при што уредот може да се постави од една страна на површина како, на пример, маса.

Samsung веќе претходно експериментираше со таков екран, но никогаш не го пласираше на пазар затоа што тогаш екраните на склопување не беа издржливи како денешните.

- Advertisement -

Со оглед на тоа дека Samsung Display веќе го вгради екранот Flex in and Out во прототип на функционален телефон, постои можност, иако мала, првиот уред со оваа технологија да биде претставен на претстојниот настан Unpacked на 1 февруари, кога ќе ја лансира линијата телефони Galaxy S23.

(Vidi.hr)

- Advertisement -

(фото: GSM Arena)

Сподели!
- Advertisement -