Лиора Каспи: Стартува нова, иновативна израелска програма за поврзување на жени-претприемачки на Балканот!

- Advertisement -

Интервју со Лиора Каспи, извршна директорка на компанијата M&C Dynamic Teams и член на жири комисијата на Aspire Balkans, нова пре- акцелераторска програма чија цел е да се креира заедница на жени претприемачки од балканските земји, вклучително и Македонија.

Програмата веќе има планирани бројни активности поврзани со посебни сесии за развој и помош на учесничките во следниот период и проширување на активностите во две нови земји годинава, како и посебен развој на програмата во Македонија.

- Advertisement -

Лиора е жена со неверојатна енергија, со силна посветеност на женското претприемништво и воопшто посветеност на личниот развој за кој смета дека единствено може да донесе развој.

Третиот милениум е милениум на жените, а претприемништвото е одлично место каде да се започне.

- Advertisement -

Новинар – Верица Јорданова

Кажете ни нешто повеќе за вас и за вашата работа во Израел?

- Advertisement -

Како дете мајка ми велеше дека сум роден сонувач и дека ќе правам многу битни работи. Отсекогаш знаев дека ќе правам нешто интересно и така го открив својот претприемниччки дух и сонувањето за големи работи. Во Израел жените служат во војска две години. Во 80-тите години  ја завршив мојата служба во војска и веднаш станав претприемач. Мојот прв бизнис го почнав на 20 години и подоцна основав две многу успешни компании на полето енергија и бизнис консултации. Бизнис консултациите брзо се развија во бизнис лидерство, менторство и курсеви за жени, како и организација на инфортмации и податоци. Така информациите се претвораат во знаење и се прават достапни за организациите.

Зошто одлучивте да работите со жени претприемачи? Дали има други програми како Aspire Balkans?

Избрав да работам со жени претприемачи затоа што открив дека претприемништвото е слобода: слобода на избор и слобода за менаџирање со време. Претприемништвото ни овозможува да заработиме за живот и да имаме финансиска удобност. Во 90-тите години запознав многу семејства на кои им требаа дополнителни извори на финансии, особено мајки кои беа принудени да бараат решенија за својата финансиска ситуација. Почнав да создавам основни курсеви кои жените ги опремија со вештини за да можат самостојно да заработуваат. На пример, жените кои беа искусни готвачки добија поддршка за да отворат кетеринг компании, а некои кои знаеја како да шијат добија помош во рекламирањето на нивните способности во соседството. Тие мали програми се претворија во масивен бран на претприемничко размислување и програми за лидерство, сите прилагодени за жени. Сега, после КОВИД-19, гледаме се повеќе жени кои се самовработуваат.

Во 2010 година се запознав со светот на стартапите и открив дека има многу жени на тоа поле. Сакав да им помогнам на жените на полето на високата технологија и технологијата воопшто да станат позабележителни, па барам начини за на тинејџерките да им ги дадеме потребните алатки за да станат технолошки претприемачи. Затоа, освен предметите како технологија и науки, креиравме програми кои ги учат што е претприемништво, како да размислуваат како претприемачи итн.

Дали во Израел има пораст на бројот на жени кои имаат сопствени бизниси? Што мислите за жените претприемачи општо?

Развојот на технологијата во изминатите две и пол години отвори канали за кои во други околности ќе беа потребни десетици години. Верувам дека женското претприемништво е најдобриот начин за креирање ценето, удобно и вредно место за жените. Исто така, мислам дека жените треба да се поврзат со други жени и да инвестираат во нив. Колку повеќе го шириме бизнисот и го гледаме претприемништвото како алатка за надминување на социјалниот јаз, толку подобро место ќе биде овој свет. Жените претприемачи може да бидат лидери на визијата, да споделуваат и да се поврзуваат, како и да создадат широка сфера на активности кои ќе ги инспирираат идните генерации. Кога се ќе биде кажано и сторено, парите имаат моќ да влијаат и да трансформираат. Сепак, исто така отвора и многу предизвици: не можете само да завршите со работното време и да заборавите на бизнисот кога ќе појдете дома. Работата ве следи дома и влијае на секој аспект од животот. Жените претприемачи се справуваат со многу повеќе предизвици и должности отколку мажите на иста позиција. Затоа, можеме да планираме да смениме многу повеќе работи и да станеме подобри и поуспешни претприемачи. Не можам ни да направам споредба меѓу претприемничкиот свет во 80-тите години и тој свет денес. Денес претприемачите се извонредни, храбри жени со имагинација. Запознав многу такви жени на Балканот, кои доста ме инспирираа.

Кажете ни повеќе за програмата Aspire Balkans и кои се следните чекори во соработката со Македонија?

Мислам дека Aspire Balkans е одлична и инспиративна програма, која е резултат на многу планирање и претприемничко знаење. Програмата нуди одлични алатки за развој на претприменичкото мислење, како и за разбирање како да се планираат независните бизнис проекти на жените. Особено ми се допаѓа втората фаза од програмата, каде што им се помага да направат бизнис-планови и се нуди менторство на самовработените жени кои ги стартуваат своите први бизниси. Жените кои се дел од програмата, според мене, се лидери кои можат да предводат многи битни процеси во развојот на организациите, директорски менаџмент и менторство а други жени претприемачи. Апелирам со сите жени кои се гледаат себеси како дел од нашата мрежа да ни се придружат. Нудиме многу курсеви, а се што треба е да сте таму.

Каде, според вас, има најголем потенцијал за соработка меѓу Израел и Македонија?

Најпрвин, можеме заедно да размислиме за ова прашање откако подобро ќе се запознаеме едни со други. Откако ќе ги запознаеме различните бизниси, можеме да нудиме поширока соработка. Можеме да нудиме систем кој ќе ги поврзува бизнисите во Македонија, на Балканот и во Израел, преку кој ќе го направиме достапно знаењето, особено на полето на стартапите. Исто така, ќе охрабриме да се формираат делегации на жени бизнисмени и инфлуенсери од Израел и од Македонија. Верувам дека Македонија е одлично место за многу исклучителни жени. Секоја ситуација во која жените се среќаваат и разменуваат знаење е вин-вин ситуација.

Што би им порачале на жените претприемачи во Македонија?

Би им рекла дојдете и придружете ни се.

Ќе ни откриете ли нешто за вашите идни планови?

Во иднина ќе има глобална мрежа на женски бизниси која ќе работи во секоја земја, а секоја земја ќе ги нуди своите уникатни квалитети. Заедно можеме да создадеме безброј платформи преку кои ќе влијаеме и ќе менуваме. Третиот милениум е милениум на жените, а претприемништвото е одлично место каде да се започне.

Прашање: Ако вашиот бизнис е автомобил, каков автомобил е?

Сподели!
- Advertisement -