Нови цени на горивата

- Advertisement -

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,50% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 23.01.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 2,344% или за 20,350 $/тон, кај дизелот зголемувањето е во просек за 1,201% или за 11,450 $/тон, кај екстра лесното масло намалувањето е во просек за 0,948% или за 8,850 $/тон и кај мазутот зголемување во просек за околу 1,362% или за 6,400 $/тон.

- Advertisement -

Од ноќеска на полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 86,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 0,50 ден/лит, а малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,304 ден/кг.

Од 31.1.2023 година во 00:01 часот новите цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

- Advertisement -
  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 84,00 (денари/литар)
  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 86,00 (денари/литар)
  • Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 84,50 (денари/литар)
  • Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 82,50 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС – 41,346 (денари/килограм)

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 31.1.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките цени.

(Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -