Дел од шоуто “The Founder Games powered by HalkBank” е тимот на менторот Иван Ивановски – стартапот Common

- Advertisement -

 Founder Games powered by HalkBank  e прво реално шоу за претприемачи кое ќе има за цел да ги воведе гледачите зад сцените на стартап животот и градењето на бизнис). Во епизодите ќе бидете дел од Од самото запознавање на менторите и стартапите  па се до потенцијалниот пат до Силиконската долина за остварување на Америчкиот сон на секој претприемач. Следејќи ги нивните менторски сесии, додека ги применуваат измените и се соочуваат со критиките на нашето драгоцено шест-члено жири се до самото презентирање пред инвеститори на настанот “Longest Pitch Marathon”

            Common – Основан од Славчо и Андреј со цел да ги олеснат и разубават животите на многу лица баш во последен момент. Имено Common е толку лесна алатка што буквално може да се објасни како Мој Термин, но за салони за убавина. Ако ти што го читаш ова не успеваш да го организираш твоето време со термините кои се слободни за вашата нега на убавина Common го има решението

- Advertisement -

само на неколку клика од вас. Закажи термин за било каков вид на нега од нивната понуда само неколку минути пред да треба терминот да биде реализиран токму со тебе.

За Иван Ивановски:

- Advertisement -

Добро познатото лице од светот на инвестициите во Македонија како и човекот кој инвестирањето и неговата едукација ја донесе во нашата држава. Иван со неговото минато и големо искуство како софтверски инженер во ИТ индустријатата успеа да ги пробие границите и да добива награди од типот на Apple и The Webby за неговата работа поврзана со Vogue Paris. Едукативниот сајт како франшиза на светски познатиот Masterclass благодарејќи на Иван е сега реалност во Македонија каде што сите ќе можат да дознаат врвни тајни и лекции поврзано со секаков тип на иновативност и претприемништво, со главен фокус се разбира инвестирањето на берза, акции, криптовалути и сите светски работи за кои нашиот народ смета дека се предалеку или дека остануваат само во Америка, со доста поволни цени и по наш стандард. Ако ти сеуште не можеш да разбереш зашто Иван е перфектен ментор на овој стартап, дозволи ни да ви помогнеме.

 По успешните 800 студенти на неговиот сајт за едукација МаsterClass.mk веруваме дека еден на еден менотрирањето со овој стартап ќе донесе резултати како никогаш до сега. И секако дека заедно со Common ќе пробаат да ги достигнат бројките кои Иван успеа да ги оствари со неговата апликација Bike Computer. Имајќи го талентот за перцепција и контрола врз времето и колку е тоа битно е вистинскиот мост кој Иван и Common треба да го изградат за неговите клиенти и со тоа да им заштеди на време, нервози и несигурни препораки имајќи го рејтинг системот пред вашите очи ако одлучите да го користите. А реално и кој не би го користел ? Ова е само дел од нивното заедничко пловење, бидете дел и вие од пловењето на „Тhe Founder Games powered by HalkBank“.

Сподели!
- Advertisement -