Во 2015 година геолозите и вулканолозите од цел свет имаа невидена прилика да истражуваат кога среде Тихиот Океан се појави нов остров. Научниците од него може ада научат каков е зачетокот на екосистемите, почнувајќи од микробните поинери кои колонизираат ново тло пред таму да се појават билки или животни.
Но, островоте Хунга Тонга не се задржа долго време, откако го формираше вулканска ерупција. Имено, го уништи нова вулканска ерупција на почетокот од 2022 година. Сепак, во текот на седум години тој остров откри некои тајни екосистеми во настанување.
Во новата студија објавена во научното списание mBio изнесоа докази за неочекувана заедница на микроби на островот кои метаболизираат сулфур и атмосферски гасови, слично на организмите кои се пронајдени во изворите на топла вода или во хидротермалните извори длабоко под море.
„Не го видовме она што го очекувавме. Мислевме дека ќе видиме организми кои се среќаваат кога ќе се повлечат глечерите или некои цијанобактерии, типични рани колонизаторски видови, но наместо тоа пронајдовме уникатна група бактерии кои метаболизираат сулфур и атмосферски гасови“ вели Ник Драгоне, микробен еколог од Универзитетот Колорадо.
Тој и неговите колеги собрале 32 примероци од копното на островот, на површини кои се од нивото на морето до врвот на кратерот на околу 120 метри. Билките колонизирале прилично брзо откако настанал, веројатно благодарение на семенките во изметот на птиците, но научниците своите напори ги насочиле на голите површини. Извадиле и секвенцирале ДНК од тие примероци и пронашле бактерии и археи кои би било логично да дошле на островот од океанската вода или од птичјиот измет, но изгледа дека тие чудни бактерии и археи потекнуваат длабоко од подземјето.
Една од причините зошто мислат дека ги нашле тие уникатни микроби е поради својствата на вулканските ерупции – многу сулгур и гасот сулфуроводород, кој веројатно поттикнуваат единствени таксони. Микробите биле најслични на тие што се среќаваат во хидротермални звори, топли извори како Јелоустоун и други вулкански системи. Наша најдобра претпоставка е дека микробите дошле од тие извори, вели Драгоне.
(Science Alert)
(фото: Wikimedia)