Eвропската забрана за увоз на рафинирани нафтени деривати од Русија

- Advertisement -

Европската забрана за увоз на рафинирани нафтени деривати од Русија стапи на сила во неделата, јавуваат европските медиуми.

Според податоците на Евростат, Русија во октомври извезла во ЕУ дизел и бензин во вредност од над 2,3 милијарди евра. Само Германија купила повеќе од една четвртина од вкупниот износ на увезени руски нафтени деривати, пишува The Brussels Times.

- Advertisement -

Ембаргото беше договорено во јуни како дел од шестиот пакет санкции против Русија поради нејзината инвазија на Украина. Договорот предвидува некои исклучоци за земјите-членки кои се силно зависни од рускиот увоз.

Ембаргото следи по забраната за увоз на руска сурова нафта по морски пат, која е во сила од декември. На 3 февруари, земјите-членки на ЕУ, заедно со партнерите од групата Г7, се договорија за ограничување на цената на руските нафтени деривати.

- Advertisement -

Цените на поскапите нафтени деривати, како што се дизелот, бензинот и авионското гориво, сега се ограничени на 100 долари, а поевтините, како што е мазутот, на 45 долари за барел.

Фото – Stockvault

Сподели!
- Advertisement -