Глобалното затоплување го зголемува ризикот од огромни поплави за кои никој не е спремен

- Advertisement -

Силните поплави предизвикани од ледените езера кои се формираат или се шират поради климатските промени ставаат во опасност најмалку 15 милиони луѓе ширум светот, се вели во студија објавена во списанието Nature Communications.

Четири држави посебно се изложени на таа закана: Индија, Пакистан, Кина и Перу, велат научниците кои ја направиле првата проценка во светот за зоните на кои им се закануваат тие поплави.

- Advertisement -

Волуменот на езерата кои се формираат со топењето на глечерите во светот поради глобалното затоплување пораснал за 50% во 30 години, покажува претходната студија објавена во 2020 година врз база на сателитски податоци.Тие езера се особено нестабилни затоа што нивната најчеста бариера се мразот и седименти составени од подвижни карпи и отпад и кога акумулираната вода ќе ги пробие, можат да настанат поплави со големи размери и да убијат илјадници луѓе на тој пат.

Притоа, најголема закана не се зоните со најголем број ледени езера или зоните каде што тие најбрзо растат. Опасноста доаѓа главно од бројот на луѓе кои живеат во близина и нивната способност да се соочат со поплавите, објаснува водителката на студијата Каролин Тејлор, докторанд на Универзитетот Њукасл во Англија.

- Advertisement -

Студијата вели дека околу 90 милиони луѓе во 30 земји живеат во 1.089 ледени езерски базени, а 15 милиони од нив живеат на помалку од 1 км од патеката по која би оделе тие поплави. Само во високите азиски планини над 9 милиони луѓе се наоѓаат директно на линијата на потенцијалните поплави, од кои 5 милиони се на северот на Индија и Пакистан. Само Пакистан има над 7.000 глечери во планините Хималаи, а минатогодишните разорни поплави зафатија над 33 милиони луѓе.

Неодамнешните истражувања покажаа дека до крајот на векот ќе се стопат над 215.000 глечери на Земјата и 1/4 од нивната маса и тоа ако глобалното затоплување биде ограничено на 1,5 степени Целзиусови. Границата од 1,5 степени Целзиусови затоплување е амбициозна цел договорена со Парискиот климатски договор, но многу научници не веруваат дека таа цел ќе биде остварена.

- Advertisement -

(Dnevnik.hr)

(фото: Raw Pixel)

Сподели!
- Advertisement -