Американскиот претседател Доналд Трамп ќе биде придружуван од 17 извршни директори на посета на Кина оваа недела, вклучувајќи ги Илон Маск и Тим Кук.
Бизнисот е бизнис, геополитиката е геополитика, но овој пат врската помеѓу овие два концепта никогаш не била потранспарентна. Некои аналитичари не пропуштаат да констатираат дека ова е сепак историска посета, додека за други не е изненадување што толку многу важни гости се на пат кон Кина – светот денес е еден голем бизнис, а борбата за лидерската позиција е тешка и (не)извесна.
Делегацијата вклучува бизнис лидери од широк спектар на индустрии. Тука се Apple, Tesla, Visa, BlackRock, Golden Sachs, MasterCard. Јенсен Хуанг од Nvidia беше додаден на списокот во последен момент.
Во понеделник, Белата куќа oбјави список на бизнис лидери кои треба да останат во Пекинг со претседателот. Трамп го напушти Вашингтон во вторник и се очекува да одржи средби со Си Џинпинг, кинескиот лидер, подоцна оваа недела.
Доцна во вторник, Трамп го пречека Јенсен Хуанг, извршниот директор на гигантот за чипови „Нвидија“, на авионски лет на последната етапа од неговото патување во Кина. Хуанг, чија компанија е централна во глобалната трка за вештачка интелигенција, беше изоставен од оригиналниот список. Откако виде извештаи дека Хуанг нема да дојде, Трамп го повика во вторник наутро и му упати покана, според извор запознаен со разговорот.
Хуанг помина речиси една година лобирајќи кај официјални лица во Вашингтон и Пекинг за да ѝ дозволат на Нвидија да ги продаде своите чипови со вештачка интелигенција на Кина. „Циско“ објави дека нејзиниот извршен директор, Чак Робинс, не може да присуствува.
Вклучувањето на Маск во делегацијата е најновиот знак дека најбогатиот човек во светот го обновил својот однос со претседателот, според „Њујорк тајмс“. Маск претходно беше врвен советник на Трамп и ги надгледуваше напорите на администрацијата за реформирање на федералната бирократија. Тој ја напушти администрацијата минатиот мај откако се скара со претседателот, но двајцата го поправија својот однос во последните месеци.
Американските претставници изјавија дека Трамп сака да разговара со Кинезите за формирање совет за инвестиции и трговија со Кина, а делегацијата вклучува лидери од широк спектар на сектори.
Список на членови на делегацијата:
Ова е конечниот список на американски гости што Кинезите ги пречекаа како придружба на претседателот Трамп. Списокот, ќе признаете, е крем де ла крем и е доволен за да се укаже на важноста на посетата што веќе може да се нарече планетарен настан.
(Листата е објавена по азбучен ред на имињата на компаниите)
Тим Кук (Apple)
Лари Финк (BlackRock)
Стефан Шварцман (Blackstone)
Кели Ортберг (Boeing)
Брајан Сајкс (Cargill)
Џејн Фрејзер (City)
Џим Андерсон (Coherent)
Лари Калп (GE Aerospace)
Дејвид Соломон (Goldman Sachs)
Џејкоб Тајзен (Illumina)
Мајкл Мејбах (Mastercard)
Дина Пауел МекКормик (Meta)
Санџау Мехротра (Micron)
Јенсен Хуанг (Nvidia)
Кристијано Амон (Qualcomm)
Елон Маск (Tesla)
Рајан Мекинерни (Visa)
Фото – Free Malaysia Today






























