Компанијата Xiaomi на саемот за потрошувачка електроника MWC во Барселона претстави се со што располага, а најголемо внимание привлече хуманоидниот робот Cyber One, Cyber Dog и безжични очила за проширена реалност.
Мобилни уреди, слушалки, скутери, паметни кујни, телевизори и други паметни уреди беа претставени вчера на Xiaomi штандот во Барселона. Меѓутоа, најголемо внимание привлекоа хуманоидниот робот и очилата за проширеан реалност.
За очилата пишувавме вчера, а денес ќе ви го претставиме хуманоидниот робот Cyber One и Cyber Dog. Хуманоидниот робот е првиот од овој тип направен во Кина. Претходно од компанијата кажаа дека роботот има емоционална компонентна, односно дека може да ги препознае човечките емоции и да реагира во согласност со нив.
Опремен е со два микрофони и две камери, што му овозможува да гледа во 3Д, додека со помош на микрофоните и говор на човек може да препознае 45 емоции и расположенија. Тежок е 52 кг, висок е 177 см, се движи со брзина од 3,6 км/ч и ќе чини околу 100.000 долари.
Cyber Dog, пак, вчера беше посебно расположен и во презентацијата пред јавноста прикажа импресивна работа. Покрај овие уреди, Xiaomi претстави и прототип на нов телефон кој ќе биде компатибилен со DSLR објективи.
(Klix.ba)
(фото: Xiaomi)