Во овие европски градови најскапо ќе платите еден оброк

- Advertisement -

Откако угостителскиот сектор беше тешко погоден поради затворањето на локалите во ерата на пандемијата на КОВИД-19, ирската влада истакна дека ниската стапка на ДДВ од 9% во однос на 13,5% ќе важи до септември, со цел да помогне во закрепнувањето. Но, и покрај економската криза која сега владее во светот, потрошувачите во Ирска продолжуваат да јадат по ресторани.

Како и во Луксембург, еден оброк од три дела во ресторан чини околу 80 евра за две лица во главниот град на Ирска. Даблин ги надмина Лондон (78,05 евра), Рим (70 евра) и Париз (60 евра) на листата на финскиот промотор на казина Bonusetа. Копенхаген предничи на листата со цена од 107,32 евра за двајца.

- Advertisement -

Листата е објавена откако ирската влада потврди дека ќе продолжи со ниската стапка на ДДВ од 9% за угостителскиот сектор до септември. И покрај економската криза, се повисоките трошоци на живот и инфлацијата која почна минатата есен, потрошувачката во рестораните во Ирска се зголемила. Некои поторшувачи одлулике да ги скратат дневните трошоци за да заштедат за слободна потрошувачка, односно за брза храна и јадење по ресторани.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Lovas.cz)

Сподели!
- Advertisement -