Развиваме вистинска формула на успех

- Advertisement -

Интервју со Фросина Аневска – менаџер на продажба во СН финансии


Доаѓате со богат бекграунд од банкарскиот сектор, за последните неколку да прифатите предизвик во финтек индустријата. Каква беше таа промена?

Во 2020 година во СН финансии дојдов со едно прилично големо работно искуство, од 18 години во банкарскиот сектор. Или во шега знам да кажам, кога станав полнолетна открив дека сум програмирана за повисок лет. 

- Advertisement -

Генерално би рекла  дека има и многу сличности, но сепак е различно. Банкарскиот сектор е динамична средина, а ФинТек индустријата е екстра динамична. И тоа е она што ја прави напредна и подготвена за брзи решенија и промени, што сметам дека е мошне значајно ако сакате да градите кариера и да создавате иновации на вашата работна позиција.

Долгогодишното работно искуство секако ми беше предност, имав навистина што да пренесем, но во СН финансии добив и шанса да научам, а тоа е тука процес кој не запира. Ми се доапаѓа работната култура на компанијата, која дава шанса да учите и напредувате секојдневно. Само, имајте желба за успех. За мене кариерата на секој еден човек е еден вид на битка, треба да сте физички и психички подготвени, а паѓањето и станувањето се само епизоди кои ве прават подобар човек. Така и го пренесувам тоа, а верувајте колку и да имате искуство во работата која ја роботите тоа е безвредно ако не умеете да го пренесете на тимот. Секогаш се трудам моето догогодишно искуството кај новите колеги да биде поттик, а не пречка во нашата комуникација.

- Advertisement -

Изминатата 2022, по многу нешта беше поинаква. Со кои резултати од таа година Вие можете да се пофалите?

Сите знаеме колку беше неизвесна 2022 година. Штотуку опоравени од Ковид кризата, следуваше нова, енергетска криза проследена со стравување од затворање на цели сектори, губење на работни места и висока инфлација. Сето тоа непосредно би влијаело и на нашиот бизнис, најмногу во однос на редовно финансирање на кредитите. Целокупното наше работење во тие услови беше насочено кон ублажување на ефектите од новонастантата кризна ситуација, не само од аспект на заштита на компанијата, туку што е секогаш наш приоритет, а тоа се на нашите клиенти. Благодарение на брзата и мудра реакција на нашиот менаџерски тим и тој наш мајндест кој не прави толку различни од другите, оперативно направивме нови планови, поставивме нови приоритети и можеме слободно да кажеме дека 2022 беше наша навистина одлична година. Година на неверојатни деловни успеси. Ја завршивме со зголемување на кредитното портфолиото, зголемување на приходите и најважно од сѐ зголемување на бројот на задоволни клиенти. Отворивме нови експозитури во Битола, Скопје, Охрид, Гостивар и го зголемивме двојно повеќе бројот на кредитни посредници, сѐ со цел да бидеме поблиску до клиентите и да овозможиме директен меѓусебен контакт.

- Advertisement -

Малкумина сакаат да зборуваат за конкуренцијата. Зошто?

Сите кои ме познаваат би кажале дека сум личност со голем натпреварувачки дух. Исто важи и за СН финансии. Конкуренцијата не само што не ни пречи, туку ни е и потребна. Замислете да сте сами на пазарот, со кој би се споредувале, со кој би се натпреварувале, со кој би ја трчале трката до врвот? Ако сте сами, можете да бидете само добри, со конкуренција околу вас може да бидете подобри или најдобри.

Она по што се разликуваме во однос на конкуренцијата е пред сѐ нашата транспарентност, овозможуваме јасен, навремен и сигурен пристап до сите информации во врска со нашето работење, нашата експедитивност, брзи сме и исполнителни во она што го работиме и нашиот тим, кој умее со сите клиенти, без исклучок.

Вашата компанија, ја препознаваат по иновации и по исклучително талентиран млад тим. Зошто давате предност на младите?

Работното искуство и дипломата се само адут, но не се најважни. Тие не гарантираат дека вработениот “ќе го биде”. Сѐ се учи! Верувам дека еден млад човек без никакво искуство, а со желба за учење, може да напредува многу. Практиканти, кои првото работно искуство го стекнале во СН финансии, денес се успешни, самостојно донесуваат важни одлуки и постојано се усовршуваат. Младите се сепак иднината, а СН финансии им дава шанса токму нив, го открива и го поттикнува нивниот потенцијал и помага да израснат во вистински професионалци. Нашите менторски програми и проектите кои ги работиме заедно со Економскиот факултет во Прилеп и Правениот факултет во Битола, само го докажуваат нашиот однос кон младите луѓе и местото кое им го нудиме во компанијата.

Доаѓа интернационалниот ден на жената и тогаш многумина го користат како миг на себепромоција. Кај Вас „жените можат„ не е само флоскула, туку и активизам и акција. 

8ми Март е само еден ден во годината кога се присетуваме на борбата за правата на жените, но да не заборавиме дека таа борба трае секој ден. Разликата помеѓу жените и мажите е особено изразена посебно  на застапеноста на раководните функции, и не е проблем само во нашата економија, туку и на глобално ниво. Горда сум што работам во компанија која го докажува сосема спротивното. Во СН финансии 77% од вработените се жени, но фактот дека 50% од раководните функции во компанијата ги имаат жените е уште поважен. Сите тие безусловно веруваат во она што го работат, не се штедат кога работата е во прашање, доминираат со своите интелектуални квалитети, но и со емпатија да помогнат секогаш и секому.  

Истакнувајки ја важноста на жената, СН Финансии, четврта година по ред ќе ја организира кампања под мотото “Кај нас жените можат”. Целта е да дадеме силен импулс на подршка на жените, јакнење на нивното сознание дека ја имаат моќта на одлучување во сопствените раце, не сомневајќи се во својата способнот и знаење. Ние сме тука за нив, да им помогнеме полесно да ги остварат своите планови и желби до конечно добивање на местото кое го заслужуваат.

Сподели!
- Advertisement -