Илон Маск ќе гради цел еден град за своите вработени

- Advertisement -

Откако плати 44 милиајрди долари за Twitter, Илон Маск сега има нови големи планови. Тој сака да изгради сопствен град во кој вработените од неговите компании ќе можат да живеаат и да работат. Луѓето и компаниите поврзани со Маск веќе некое време купуваат земјиште во близина на Остин, Тексас, на кое треба да се постават темелите на новиот град.

Според извештајот на The Wall Street Journal, тој град би требало да се вика Снеилбрук, што е референца на маскотаата на неговата компанија The Boring Company (полжавот Гери). Во извештајот се споменува ециденција на државни дозволи и земјишта, градски имејл, интерна комуникација меѓу компаниите, како и разговори со сопствениците на земјиште и сето тоа упатува на тоа дека се во тек подготовки за подигнување на градот на Маск.

- Advertisement -

Додека многу техолошки компании подигаат и градат сопствени кампуси за своите вработени со канцелариски згради и различни друди содржини од типот на ресторани, забавни и спортски содржини и слично, Маск одлучи да оди чекор подалеку и за врабоените во Tesla, SpaceX и The Boring Company ќе изгради цел еден град. Во градот би требало да има над 100 куќи, спортски терени и базени, а она што е најбитно за луѓето што ќе живеат таму е дека цената ќе биде многу пониска од пазарната.

(CNN)

- Advertisement -

(фото: ERP Today)

Сподели!
- Advertisement -