Знаете ли што е микросон? Ова се симптомите

- Advertisement -

Ако почнете да се прозевате додека возите, исправете се на седиштето и фокусирајте се на сообраќајот затоа што дури и најкраткиот микросон може да предизвика фатална незгода. Секоја година стотици луѓе го губат животот вои несреќи предизвикани на овој начин.

Микросонот е многу краток период на сон кој се мери во секунди, тврдат експертите. Ако возите 100 км/ч и ги затворите очите на само 2 секунди, ќе поминете на слепо 56 метри, порачува германската агенција за инспекција на безбедноста TÜV.

- Advertisement -

Ви се затвораат очите, а главата ви секлати и потоа нагло се свестувате. Ако сте искусиле нешто такво, веројатно и вие сте биле во микросон. Битно е да обрнете внимание на знаците кои ви ги дава телото за да ја избегнете таа состојба, која на отворен пат може да биде опасна по живот.

Значи предупредувачки знаци се често прозевање, триење на очите, ненадејна трска или немирно седење на седиштето. Експертите предупредуваат дека тоа се последните знаци после кои треба да застанете и да дремнете пред да продолжите со возење. Препорачуваат да направите пауза од 10 до 20 минути.

- Advertisement -

Ризикот од микросон е поголем кога возите во време кога не е во склад со биоритамот на вашето тело. Луѓето се биолошки најуморни меѓу 2 и 5 часот наутро и околу 14 часот попладне. Тие периоди на замор сепак не се исти за сите луѓе затоа е битно да го познавате сопствениот биоритам и да не управувате со возило кога че почувствувате замор. Некои луѓе се чувствуваат поуморни навечер, а на некои наутро им треба повеќе време за да се разбудат.

Ранобудните луѓе кои лесно стануваат од кревет и од утро се чувствуваат одморени и енергични најчесто се поспани попладне и навечер. Ним им се препорачува попладне да одат на прошетка за да бидат на свеж воздух прд да почнат да возат.

- Advertisement -

Од друга страна, на ноќните птици кои тешко се будат наутро, но чувствуваат повеќе енергија попладне им се препорачува наутро да си остават доволно време за да се разбудат и да можат да бидат побистри и повнимателни кога ќе седнат зад волан.

И тие што секојдневно патуваат на работа се во опасност од микросон. Секое утро управуваат со возило и возат и на крајот на работниот ден. Се смета дека нивото на концентрација и внимателност е пониско кога луѓето се враќаат од работа и тоа е еден од најлошите периоди за управување со возило.

Статистиките од Германија укажуваат дека најголем дел од несреќите како резултат на замор се случуваат од 6 до 8 часот наутро и меѓу 14 и 16 часот попладне. Се проценува дека во САД годишно погинуваат околу 600 луѓе затоа што возат премногу уморни.

(Zimo)

(фото: )

Сподели!
- Advertisement -