Мона Лиза и Ван Гог „оживуваат“ и ги повикуваат туристите да ги прескокнат долгите редици за да ја посетат Данска

- Advertisement -

Туристичкото биро на Данска и креативната агенција Brandhouse/Subsero лансираа кампања чие сценарио било напишано, а потоа и визуелно изведено со помош на вештачка интелигенција.

Кампањата се состои од познати уметнички слики и скулптури, како „Мона Лиза“ на Да Винчи, автопортретот на Ван Гог, „Девојката со бисерна обетка“ на Вермер, статуата на Слободата во Њујорк и други, коишто „оживуваат“ и директно им зборуваат на гледачите.р е к л а м а

- Advertisement -

Притоа, популарните уметнички ликови им укажуваат на луѓето дека чекањето во долга редица со саати за да ги видат нив и не е многу возбудливо. Односно, многу подобро и позабавно би било доколку наместо музејските редици, луѓето се одлучат за посета на државата Данска и нејзините знаменитости.

На крај, кампањата ги охрабрува светските патници да не бидат „туристи“, туку да бидат „истражувачи“.

- Advertisement -

Извор – Маркетинг 365

Сподели!
- Advertisement -