Компанијата Klosterbrauerei Neuzelle, која е стациониран во манастир, го направи првото пиво во прав во светот. Нивното пиво има 0% алкохол, висока концентрација на декстрин и било ферментирано пред да биде процесирано и претворено во прав или гранули, кои се раствораат во вода.
Производот го направиле со помош на средства од германското Федерално министерство за економски прашања и енергија во соработка со други неименувани технолошки партнери. Компанијата која стои зад производот, германската пиварница Klosterbrauerei Neuzelle, сака да го смени начинот на кој се прави пиво и да го скрати времетраењето на процесот и да користи помалку суровини и енергија. Пиварницата првично планирa да го рекламира пивото во помали количини до средината на 2023 година за да ја тестира реакцијата на јавноста.
Сепак, компанијата сака да го скалира производството и да направи и алкохолни верзии на пивото. Иако пивото во прав е сосема нов производ, на пазарот веќе постојат други производи во прав. Една од примарните предности на пивото во прав е тоа што е полесно од традиционалното пиво, поради што се штеди и на транспорт. Бидејќи е лесно, може да се транспортира со само 10% од трошокот за конвенционалното пиво и затоа е привлечен производ за извоз на далечни пазари како Азија и Африка.
Милијарди литри вода се транспортираат до консументите ширум светот затоа што пивото се состои од 90% вода. Од еколошка гледна точка, веќе штедиме на транспорт, но не и на употребата на ресурси и трошоци за производство, велат од пиварницата.
Од Кlosterbrauerei Neuzelle се надеваат дека прво ќе ги таргетираат тие пазари, а потоа ќе се фокусираат на други глобални препродавачи. Иако има бенефити од ваквиот начин на производство на пиво, компанијата е свесна дека љубителите на класичен пилснер или крафт пиво ќе бидат скептични за производот.
(Interesting Engineering)
(фото: Flickr)