Facebook воведува специјален дел за вести, за кои ќе плаќа на медиумите

- Advertisement -


Социјалната мрежа Facebook ја воведува секцијата News Tab на својата мобилна апликација, каде што ќе се прикажуваат наслови на вести кои ги бираат новинари, а издавачите ќе бидат платени за користењето на нивниот материјал.

Таа социјална мрежа долго беше во спор со издавачи на вести кои се жалат дека Facebook има корист од споделувањето нивни написи без да плаќаат за нив. Ова е потенцијално голем чекор за платформата која долго се бори со искоренување на дезинформациите и неспремноста да склучува договори со издавачите.

- Advertisement -

Во делот со вести ќе бидат вклучени наслови од Wall Street Journal, Washingtton Post, Buzzfeed News, Business Insider, NBC, USA Today и Los Angeles Times, како и локални наслови од неколку најголеми американски градови. Новата секција со вести стартува денес.

Преку Facebook ќе се гледаат само насловите. Кога ќе притисне на насловите, корисникот оди директно до веб страниците или апликациите на издавачите, ако ги инсталирале. Тоа е помалку од она што издавачите го бараа со години. Од Facebook не сакаат да кажат како и колку ќе бидат платени и наведуваат само дека ќе ги плаќаат издавачите за пристапот до содржините .

Сподели!
- Advertisement -