Соларен пламен од највисок степен ја погоди Земјата

- Advertisement -

Соларен пламен од највисока категорија во вторникот ја погоди Земјата, испраќајќи ерупција на X-зраци и ултравиолетово зрачење со брзина на светлината кон нашата планета. Станува збор за соларен пламен од X-класа, кој предизвика прекин на радиосигналите на околу 1 час во делови од Југоисточна Азија, Австралија и Нов Зеланд, кои се најдоа на дневната страна на Земјата во моментот кога удри пламенот.

Прекинот на радиосигналите се случи затоа што екстремното сончево зрачењње ги јонизираше деловите од горната атмосфера на нашата планета, деградирајќи ги високофреквентните реадиобранови кои патуваат во тој дел од земјината атмосфера.

- Advertisement -

Соларниот пламен се случи после низа силни ерупции на Сонцето, вклучувајќи две големи коронарни дупки, кои предизвикаа поларна светлина да се појави ан небото се до Аризона во САД. Научниците напоменуваат дека тој соларен пламен би можел да биде предвесник на уште поголеми соларни активности во претстојните денови.

Во меѓувреме, вчера Сонцето произведе уште три умерени соларни пламени од М класа, покажаа податоците на американскиот Центар за предвидување на вселенското време и Националната управа за океани и амтосфери. Во извештајот се предвидува и можност за уште повеќе пламени од М класа во анредните денови, со мала шанса за уште еден пламен од класа X идниот четврток.

- Advertisement -

(Business Insider)

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -