Банкротираше подружницата на Google во Русија

- Advertisement -

Споровите меѓу Google и Русија почнаа месеци порано пред да се воведат санкции напрема Русија, а ескалираа до тоа еден потег на властите да и пресуди на подружницата на Google во Русија. Се почна уште есента 2021 година, кога Google беше казнет поради кршење на законот за лични податоци, односно затоа што не се прилагодиле на законите за складирање руски податоци исклучиво на серверите сместени во земјата.

Понатаму, казната за Google, Русија ја одреди во декември минатата година. Тогаш Google беше осуден да плати речиси 100 милиони долари затоа што – како што бараа регулторите – не ги отстранил содржините ос својата платформа кои руските власти ги сметале за непожелни.

- Advertisement -

Сагата продолжи со запленување на околу 15 милиони долари од Google во април годинава. Овој пат причината за казнување беше бришење на одредени YouTube канали од платформата, примарно канали на луѓе и медиуми кои го поддржувале владејачкиот режим.

Со инвазијата на Украина, Google ја прекина и монетизацијата на огласи на YouTube за корисниците од Русија, на што Роскомнадзор одговори со блокирање на пристапот до Google и YouTube. Конечниот расплет на приказната се случи неделава, кога властите запленија се што имаше на банкарските сметки на руската подружница на Google.

- Advertisement -

Тоа доведе до ситуација во која Google не може повеќе да ги исплатува платите за своите стотина вработени, ниту да ги подмирува обврските кон доставувачите, па беа присилени да прогласат банкрот. Канцеларијата на Google во Русија, која остварува приходи од околу 2 милијарди долари годишно, ќе биде згасната, а одреден број вработени ќе бидат преместени во други земји.

И покрај сето тоа, YouTube, Google Maps, интернет-пребарувачот, Gmail и останатите бесплатни услуги на Google ќе останат достапни во Русија.

- Advertisement -

(Bug.hr)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -