ВИДЕО: SpaceX на Месечината ќе го носи роверот FLEX

- Advertisement -

Venturi Astrolab (Astrolab) објави дека постигнал договор со компанијата SpaceX за превоз на роверот за флексибилна логистика и истражување (FLEX) на Месечината. SpaceX ќе го користи системот за лансирање и слетување на Starship за оваа мисија на средината на 2026 година.

Astrolab велат дека FLEX ќе стане најголемиот и најспособниот ровер кој кога било патувал на Месечината. Со максимална комбинирана маса на роверот и товар поголем од 2 тони, роверот FLEX е речиси три пати поголем од својот најголем претходник. Овој поголем капацитет дава значително повеќе можности за вршење научни експерименти и комерцијални мисии. Astrolab веќе потпиша неколку договори со клиенти за превоз на товар на оваа мисија. Компанијата очекува дека подоцна пролетва ќе бидат објавени детали оваа пролет.

- Advertisement -

„Нашиот тим создаде многу повеќе од ровер за користење на Месечината или Марс. Создавме логистички систем кој може да прими најразличен товар. Очекуваме овој пристап да помогне да се воспостави постојана лунарна база на Месечината по пониска цена и за пократок период во споредба со претходно замисленото. Одушевени сме што овој договор со SpaceX ќе ни овозможи да ги демонстрираме предностите на на роверот FLEX и на неговиот модуларен систем за носивост“ велат од Astrolab.

“Starship e дизајниран за превоз на големи количини нтовар на Месечината и на Марс, вклучувајќи и ровери“ велат од SpaceX.

- Advertisement -

Освен што може да управува со FLEX на површината на Месечината од Земјата, Astrolab го дизајнираше возилото да служи како ровер без притисок за екипаж од двајца атронаути на површината на Месечината. Овој дизајн е компатибилен со барањата на НАСА за Lunar Terrain Vehicle (LTV), роверот кој долгорочно ќе биде стандардна компонента на програмата Artemis.

(Vidi.hr)

- Advertisement -

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -