НАСА ги објави имињата на астронаутите кои со мисијата Artemis II ќе патуваат до Месечината

- Advertisement -

НАСА и Канадската вселенска агенција ги објавија имињата на четворицата астронаути кои после пет децении ќе се вратат на Месечината со мисијата Artemis II. Последната човечка мисија на Месечината беше Apollo 17 во декември 1972 година. Новата мисија, која е битна од неколку причини, има доста шаренолик екипаж: првата жена која ќе патува на Месечината, првиот афроамерикански астронаут и првиот канадски астронаут на една лунарна мисија.

Астронаутите кои ќе одат на Месечината се: командирот на мисијата Рајд Вајсман, пилотот Виктор Гловер, специјалистот на мисијата бр. 1 Кристина Хемок Кох и специјалистот бр.2 Џереми Хенсен, сите астронаути на НАСА.

- Advertisement -

„Екипажот на Artemis II е само репрезент на илјадници луѓе кои работат за остварување на оваа мисија. Ова е нивниот екипаж, ова е нашиот екипаж, ова е екипажот на целото човештво. Заедно ќе започнеме нова ера во истражувањето на вселената за новите генерации сонувачи и патници меѓу ѕвездите“ изјавија од НАСА.

На 24 ноември годинава овие астронаути ќе се запишат во историјата како првиот екипаж кој стигнал до Месечината во 21 век. Мисијата Artemis II ќе селдува после Artemis I, тест мисија без екипаж која беше лансирана со капсулата Orion на 16 ноември минатата година. Целта на таа мисија беше да се тестираат системите на Orion во вселената и да се осигура безбедно следтување на првиот екипаж на Месечината со Artemis II, велат од НАСА.

- Advertisement -

Тест-летот за Artemis II ќе трае 10 дена и ќе биде лансиран со ракетата Space Launch System за да се тестираат системите за поддршка на живот на Orion и да се потврдат техниките потребни за луѓето да живеат и да работат во длабоката вселена.

(Interesting Engineering)

- Advertisement -

(фото: NASA)

Сподели!
- Advertisement -