British Petroleum ќе го намали производството на нафта и гас за 40% и ќе се фокусира на чиста енергија

- Advertisement -

Лондонската енергетска компанија British Petroleum ги најави своите планови за намалување на производството на нафта и гас за 40% и да инвестира 5 милијарди долари во стратегии за чиста енергија до 2030 година. Овој потег е дел од амбициозниот план на BP за нула емисија на јаглерод диоксид до 2050 година.

Оваа најава доаѓа среде загриженоста поради намалените цени на нафтата на глобално ниво поради пандемијата на корона вирусот. Многу фабрики и бизниси се затворија, па цените на суровата нафта паднаа на најниско ниво во последните 18 години на помалку од 20 долари за барел. Иако цените потоа се искачија на 44 долари за барел, сепак се пониски од вообичаено и тоа е новата реалност за нафтените компании и компаниите за гас. Во таква ситуација BP ја продаде својата единица за петрохемија и најави кратење на над 10.000 работни места.

- Advertisement -

Во вториот квартал од годинава BP пријави загуба од 16,8 милијарди долари. Компанијата сега се труди да се позиционира себеси во енергетската индина на Земјата додека многу земји се фокусираат на енергетски опции зо најниска емисија на јаглерод диоксид. Од BP изјавија дека наредната деценија е критична за борбата против климатските промени, како и дека потребно е сите да преземат мерки за да се постигне потребна промена во глобалните енергетски системи.

Од компанијата предвидуваат дека побарувачката за фосилни горива ќе падне за најмалку 75% во наредните 30 години, па можеби глобалното затоплување ќе се одржи на помалку од 1,5 степени Целзиусови.

- Advertisement -

(Inhabitat, Reuters)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -