Астрономи во близина на Земјата открија црни дупки 10 пати поголеми од Сонцето

- Advertisement -

Тим од научници неодамна откри две црни дупки кои се многу блиску до Земјата. Тимот ги детектирал дупките користејќи комбинирани податоци од мисијата Gaia на Европската вселенска агенција и неколку опсерватории на Земјата. Црните дупки ги нарекоа Gaia BH1 и Gaia BH2 и можеби се првите орктиени примери на сосема нова категорија колосални вселенски објекти.

Gaia BH1 е оддалечена 1.560 светлосни години од нашиот соларен систем, што значи дека е 3 пати поблиску до Земјата отколку претходната дупка која беше најблиску до нас. Gaia BH2 е малку подалеку, иако се уште е релативно блиску на 3.800 светлосни години од Земјата.

- Advertisement -

И двете црни дупки се лоцирани во рамките на галаксијата Млечен пат и се речиси 10 пати поголеми од нашето Сонце. Иако изненадува тоа што толку масивни вселенски објекти постојат толку блиску до Земјата, црните дупки многу тешко се откриваат. За разлика од досега откриените црни дупки, во близина на Gaia BH1 и Gaia BH2 нема остатоци од ѕвезди ниту гасовити облаци, кои вообичаено им помагаат на научниците да ги откријат црните дупки.

Научниците црните дупки кои не „јадат“ ѕвезди или други објекти ги нарекуваат заспани или неактивни. Бидејќи и двете Gaia BH1 и Gaia BH2 се заспани, научниците користеле поинаков метод за да ги детектираат. етодот кој го искористиле детално е опишан во студијата објавена во списанието Monthly Notices на Краалската астрономска заедница.

- Advertisement -

(Interesting Engineering)

(фото: Pxfuel)

Сподели!
- Advertisement -