ВИДЕО: Ова е првото роботско сајбер кафуле во светот

- Advertisement -

Promobot, водечки произодител на автономни услужни роботи, неодамна го претстави својот револуционерен проект Donna Cyber Cafe. Овој иновативен и многу комплексен роботски систем нуди целосно автоматизирана продажба на кафе, сладолед и освежителни пијалаци. Ако судиме според ова, иднината на кафе-индустријата е многу поинаква.

Donna Cyber Cafe нуди целосно корисничко искуство – од привлекување на потрошувачи до служење на нарачки. Роботскиот комплекс има капацитет да направи 36 кафиња, 50 сладоледи и 100 пијалаци за само 1 час.

- Advertisement -

Тајната на ова кафуле е хуманоидниот робот касиер, кој не само што брзо ги послужува потрошувачите, туку и разговара со нив и токму затоа привлекува се повеќе клиенти.

Потребни биле 10 месеци за да се развие роботскиот комплекс и има уникатен интерфејс во форма на хуманоиден робот касиер. Прототипот за Donna е инспириран од источноевропскиот супермодел Дијана Габдулина. Дроидот, познат како Robo-C-2, е развиен оваа година и стекна голема популарност преку платформата TikTok.

- Advertisement -

Роботот касиер Donna е хиперреалистична – има силиконска кожа, микро експресии на лицето и очи кои се речиси идентични со човечките. Donna е пријатна за разговор, женствена, по малку иронична и се разбира, многу вреден работник. Токму затоа искуството во ова роботско кафуле е незаборавно и несекојдневно. Благодарение на целосната роботизација, комплексот може да работи 24/7.

Од Promobot велат дека пријателскиот и услужлив робот секогаш е среќен кога му доаѓаат гости, па ова искуство е пријатно за луѓе од сите возрасти. Освен тоа што служи кафе, сладолед и пијалаци, Donna ги забавува гостите и им нуди и едукативни содржини.

- Advertisement -

Првите вакви роботски кафулиња Donna Cyber Cafes треба да бидат отворени годинава во Дубаи.

Погледнете како изгледа ова роботско кафуле.

(Startup Selfie)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -