Под притисок на конкуренцијата Google неодамна го претстави својот четбот базиран навештачка интелигенција Bard, за кој се покажа дека му е потребно уштре тренирање и усовршување. Имено, поради една грешка која ја направи Bard кога даваше одговор на едно прашање, а која брзо се прошири преку Twitter и стана вирална, Alphabet изгуби дури над 100 милијарди долари пазарна вредност.
Google ќе продолжи со развојот на вештачката интелигенција и на своите големи јазични модели (large language models – LLM), а во иднина планираат да имплементираат конверзациски AI и во својот интернет пребарувач. Во разговор со новинари тоа го откри првиот човек на компанијата, Сундар Пичаи.
Со оглед на тоа дека најголем дел од трендовите во технологијата се насочени кон вештачка интелигенција и дека Google и претходно најави интеграција на LLM во пребарувачот, оваа вест не би требало да биде преголемо изненадување. Сепак, досега се зборуваше само за интеграција на вештачка ингелигенција во пребарувачот, но не и за можноста за разговор со AI четбот во Google. Тоа е рњдикална промена затоа што во иднина наместо само да постатуваме прашања и да добиваме линкови, со новиот пребарувач ќе можеме да разговараме и директно да добиваме одговори на нашите прашања.
Слична опција во својот пребарувач Bing веќе претстави и Microsoft, но како што објаснија на Engadget, потегот на Google е многу побитен затоа што станува збор за пребарувач кој зазема над 90% од пазарот и е синоним за пребарување преку интернет.
(Zimo)
(фото: Pixabay)