Ќе се ревидираат замрзнатите цени на овошјето и зеленчукот

- Advertisement -

Ќе се ревидираат цените на дел од 11-те видови овошје и зеленчук коишто со владина одлука се замрзнати од 5 април. Одлуката ќе се донесе во вторник на седница на Владата, а следува по новите цени кои се пријавуваат од увозниците во Царинската управа. 

На средбата што се одржа вчера во Министерството за економија со увозниците на овошје и зеленчук е договорено да се направат минимални корекции на цените. Последните податоци  што биле анализирани со увозниците покажале мало зголемување на увозните декларации на некои производи и  според министерот за економија Крешник Бектеши би требало следствено на тоа да се коригираат и цените од одлуката.

- Advertisement -

Според Бектеши, ниту еден од производите опфатени со одлуката за замрзнување на цените нема да биде со повисока цена од 100 денари за килограм.

Сподели!
- Advertisement -