Tesla гради Megapack фабрика за батерии во Шангај

- Advertisement -

Tesla гради нова фабрика за батерии во Шангај. Вчера оваа компанија која произведува автомобили најави дека ќе почне со изградбата на нова Megapack фабрика за батерии подоцна во текот на годинава. Кога ќе биде готова, некаде во втората половина на 2024 година, оваа фабрика ќе може да произведува 10.000 батерии годишно. Секоја батерија со големина на контејнер може да складира доволно енергија за да се напојуваат околу 3.600 домови во период од еден час.

Од Tesla за Bloomberg открија дека планираат тие батерии произведени во Кина да ги продаваат глобално. Компанијата веќе има Megapack фабрики на неколку локации во светот, меѓу кои Тексас и Јужна Австралија.

- Advertisement -

Оваа најава на Tesla за фабриката во Кина покажува дека компанијата ја зголемува својата зависност од кинескиот пазар во период кога САД водат економска политика која ги принудува производителите на автомобили да произведуваат повеќе производи за домашниот пазар.

На крајот од минатиот месец владата на САД објави кои електрични возила може да добијат намалување на данокот според Актот за намалување на инфлацијата за 7.500 долари. Според новите правила, компаниите мора да користат минерали во батериите со американско потекло и од други одобрени трговски партнери ако сакаат да се квалификуваат за овие субвенции.

- Advertisement -

(Engadget)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -