Роботот-куче на Boston Dynamics ќе црта слики за уметничка галерија

- Advertisement -

Познатата сликарка Агњешка Пилат обучува три роботи кучиња на компанијата Boston Dynamicѕ да цртаат слики за идната изложба во Националната галерија на Викторија. Еден од роботите, познат како Спот (Точка) дури и живее заедно со сликарката во Њујорк.

Трите роботи сега се учат да се насликаат себеси користејќи четка и маслени бои на акрилна основа и треба да учестуваат на изложбата NGV Triennial, која ќе се случува во декември годинава во Мелбурн.

- Advertisement -

Пилат својот робот, кој се вика Басија, го нарекува свој сопатник и ќе и недостига кога ќе оди да слика во Мелбурн.

Пилат веќе примила нарачка да го наслика роботот Спот по желба ма компанијата Boston Dinamics.

- Advertisement -

„Тоа го сфаќам како нова позната личност, една нова владејачка класа. Енди Ворхол, на пример, сликал јасни личности, а сега моќта оди кон машините и наша обврска е вистински да ги вклучиме. Наша задача како нивни ‘родители’, е да работиме со нив и да ги научиме да бидат добри граѓани“ вели Пилат.

Таа роботите ги опишува како игриви и партнери на човештвото.

- Advertisement -

„Јас сум техно-оптимист – сакам да мислам дека за роботите го правам истото што Диего Ривера го направи за работничката класа. Кога луѓето ќе запознаат Спот во живо, најголем дел од нив се вљубуваат на прв поглед во него. Тешко е да се остане рамнодушен на нивниот шарм затоа што се многу слатки“ додава таа.

(Interesting Engineering)

(фото: Twitter)

Сподели!
- Advertisement -