Германија има рекорден број на вработени и рекорден недостиг на работници

- Advertisement -

Во Германија има недостиг на квалификувани работници, кој достигна рекордни размери во 2022 година и покрај релативно слабата економија, покажува нова студија. Над 630.000 слободни работни места за квалификувани работници не можеле да се пополнат минатата година затоа што во целата земја немало соодветни квалификувани невработени лица, пкажуваат податоците на Центарот за стручност за осигурување квалификувани работници (Kofa) при Германскиот економски институт (IW).

Тоа е најголем јаз во понудата на квалификувана работна сила од почетокот на периодот кој бил аналзииран, односно 2010 година, се вели во студијата. Секторите здравство, социјални услуги, настава и образование се меѓу најлошо погодените, како и градешништвото, архитектурата, геодезијата и градежната технологија, кае што 6 од 10 слободни работни места не се пополнети.

- Advertisement -

Има натпросечен недостиг и на квалификувани работници во природните науки, географијата и ИТ секторот. Недостигот на кадар во комерцијалните услуги, трговијата, продажбата, хотелиерството и туризмот речиси се триплирал во изминатата година, се наведува во студијата, а 3 од 10 работни места се непополнети минатата година.

Генерално, колку е поголем степенот на квалификација потребен за работата или областа, толку е потешко да се пополнат тие работни места. Работодавците забележале недостиг на дипломирани информатичари, електротехничари, проектанти, при што за 9 од секои 10 слободни места недостигаат соодветни кадри, се вели во студијата.

- Advertisement -

Недостигот на соодветни квалификувани кадри одамна се одразува на пазарот на труд и општо е познато дека имиграцијата е потребна за да се реши проблемот со недостигот. Во март во цела Германија биле вработени околу 45,6 милиони луѓе, што е повеќе отколку кога било претходно. И покрај економскиот пад, инфлацијата и политичката неизвесност, работодавците во индустријата, трговијата и услужниот сектор ги грабнаа сите квалификувани работници.

(SEEBiz)

- Advertisement -

(фото: Pix4free)

Сподели!
- Advertisement -