WhatsApp овозможи користење на истиот профил на повеќе уреди

- Advertisement -

WhatsApp воведе нова функција која на корисниците ќе им овозможи пристап до истиот профил на повеќе уреди. На корисниците ќе им биде дозволено да го користат истиот профил на четири уреди истовремено.

Меѓутоа, бета верзијата на оваа функција моментално ќе биде достапна за некои Android уреди. Функцијата придружен начин на работа беше тестирана во претходната бета верзија на WhatsApp и беше достапна за корисниците на таблети.

- Advertisement -

Покрај нанјновата функција, кога корисниците ќе инсталираат WhatApp на нов телефон, ќе добијат опција да го поврзат својот профил со други уреди преку QR код. Опцијата ќе може да се активира откако ќе го изберете менито со три точки во горниот агол на екранот.

Претходно корисниците на WhatsApp можеа да го користат својот профил освен на телефон и на својот лаптоп или таблет.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -