Кинеската вселенска станица постигна 100% регенерација на кислород

- Advertisement -

Кинеската вселенска станица постигна 100% регенерација на кислород користејќи го својот регенеративен систем. Со станицата моментално управува екипажот на мисијата Shenzhou-15, а станицата може да го произведе целиот кислород кој и е потребен, беше соопштено на симпозиум за вселенската технологија одржан во грат Харбин.

„Моментално шесте системи се стабилни и оперативни, 100% од изворот на кислород се регенерира и се рециклира 95% од изворот на вода. Со тоа се намалува поттребната количина залихи од Земјата за 6 тони секоја година“ вели Биан Чианг од Астронаутскиот центар во Кина.

- Advertisement -

Овој успех е многу битен анпредок во контролата на животната средина и системите за одржување во живот на кинеската вселенска станица, односно преин од дополнување на регенерација. Системот има шест потсистеми за различни операции како што се создавање на кислород, отстранување на јаглерод диоксидот и создавање на вода од јаглерод диоксидот и водородот.

Биан тврди дека технологијата на овој систем е меѓу најдобрите на светот и дека ја намалува потребата за залихи од Земјата за шест тони годишно. За кинеските летала со екипаж, вклучувајќи го и леталото Shenzhou, вселенските костими кои се користат надвор од леталото, како и комплексот вселенски станици со тери модули експертите развија три генерации системи за контрола на околината и одржување на животот.

- Advertisement -

Кина претходно ги откри своите планови за додавање на нов орбитале модул на вселенската станица Tiangong. Овој модул ќе се придружи на постојните три кои веќе се наоѓаат во земјината орбита и ќе го трансформира обликот на станицата од буквата T во крст.

(Klix.ba)

- Advertisement -

(фото: NASA)

Сподели!
- Advertisement -