Њујорк со закон забрани дискриминација на гојазните луѓе

- Advertisement -

Властите на Њујорк усвоија закон со кој се забранува дискриминација врз основа на телесна маза и висина при вработување, престојување во јавни простории и при изнајмување живеалиште.

Поддржувачите на овој закон велат дека гојазните луѓе имаат тешкотии во рестораните и театрите, а истакнуваат и дека луѓето со прекумерна телесна маса градските власти ги дискриминирале при поделбата на велосипеди, пренесува BBC.

- Advertisement -

За усвојување на законот гласале 44 пратеници, а само 5 биле против. Противниците на законот тврдат дека е премногу широк и дека отвора можности за скапи судски спорови.

Како што велат, проблемите со коишто се соочуваат луѓето со прекумерна тежина во рестораните и во театрите, велосипедите кои имааѕ ограничување на маса, такси возилата во кои треба да се вградат продолжетоци за појаси се скапи измени за да се избегнат паричните казни и тужбите.

- Advertisement -

Од друга страна, дисктриминацијата кон гојазните е раширена, а најтешко им на припадничките на понежниот пол. Според студија на Универзитетот Вандербилт, гојазните жени просечни имаат за 4,25 долари пониска саатница во однос на оние кои се сметаат дека имаат нормална телесна маса.

Само уште шест градови и една сојузна држава имаат слични закони кои ги штитат Американците од дискриминација по висина и тежина: Бингамтон, Медисон, Урбана, Вашингтон, Сан ФРанциско, Санта Круз и државата Мичиген.

- Advertisement -

(RTS)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -