ВИДЕО: SpaceX успешно ја лансираше целосната ракета Starship, но на враќање експлодираше

- Advertisement -

SpaceX попладнево успешно ја лансираше комплетната ракета Starship откако се откажаа во понеделникот. Меѓутоа, кога требаше да се одвои бустерот од останатиот дел на Starship се случи нешто и одвојувањето не беше целосно, па Starship експлодираше во воздух.

Одбројувањето до лансирање најпрвин беше стопирано на 40 секунди до лансирањето, но наскоро потоа продолжи. Staship беше лансирана и се вивна високо над Земјата, но дојде до проблем при одвојувањето на Starship од Super Heavy при враќањето, па целото летало есплодираше во воздух.

- Advertisement -

Од SpaceX се презадоволни што успеаја да ја лансираат ракетата, затоа што тоа беше главната цел на ова лансирање и како што додадоа, се што се случило потоа било само бонус во оваа фаза од тестирањето и сите собрани податоци притоа ќе ги искористат за да ги унапредат идните верзии на леталото.

Starship е транспортен систем кој може целосно повторно да се користи и е дизајниран за превоз на екипаж и товар во земјината орбита. Од SpaceX тврдат дека оваа ракета ќе му помогне на човештвото да се врати на Месечината и да патува до Марс или подалеку.

- Advertisement -

SpaceX додега има направено повеќе суборбитални тстови со горниот степен на Starship од вселенската база во Тексас, а тие тестови помогнаа да се потврди самиот дизајн на вселенското летало и докажаа дека Starship може да лета во подзвучна фаза на влегување, пред повторно да ги запали своите мотори и да се намести во конфигурација за слетување.

Освен тестовите со горниот степен на Starship, SpaceX направи бројни тестови со ракетата Super Heavy, кои вклучуваат се посложени статички палења, кои резултираа со долготрајниот тест на 31 мотори Raptor, што е најголем број на истовремено запалени мотори во историјата.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -